Градоначалникот Мицевски одржа работна средба со здружението Инклузива

Градоначалникот Борјанчо Мицевски денеска реализира информтивна и работна средба со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество- ИНКЛУЗИВА од Куманово.

На средбата, претставниците на  здружението го запознаа градоначалникот Мицевски со тековните активности, програмска определба и со нивните досегашни работни ангажмани и искуства во инплементација на проекти.

Во работниот дел од состанокот кокретизирани се понатамошните чекори на соработка помеѓу здужението и Општина Крива Паланка.

Мицевски се осврна на проблемите со кои се соочуваат лицата со посебни потреби и попреченост, предлагајќи конкретни чекори за понатамошна соработка. Тој нагласи дека Општина Крива Паланка и тој како градоначалник секогаш ќе се залагаат за подобрување и унапредување на соработката со ова здружение, се со цел да се зголеми видливоста за интересите, можностите и предизвиците на оваа категорија на граѓани.

Општина Крива Паланка, во соработка со здружението Инклузива ќе организира јавна дебата на која здужението ќе даде препораки за воведување конкретни алатки во подобрувањето на пристапот на општинските информации до лицата со попреченост. Договорено е и потпишување на Меморандум за соработка на Општина Крива Паланка и Здружение за промоција и развој на инклузивно општество – ИНКЛУЗИВА, се со цел општината да го следи трендот на инкузивност и да ја унапредува транспарентноста на своето работење и во однос на потребите на овие лица.