Градоначалникот Мицевски на средба со претставниците од КУЗ „РАСПЕАНИ ПАЛАНЧАНИ“

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски денеска оствари првичен работен состанок  со организациониот одбор на КУЗ „РАСПЕАНИ ПАЛАНЧАНИ“.

На состанокот Мицевски ги изнесе своите идеи за нов концептуален пристап во функционирањето и планирањето на програмските активности на друштвото, се со цел зголемување и интензивирање на меѓусебната соработка, како и подобрување и унапредување на нивните капацитети за учество во конкретни проекти, а се во насока на развој на културниот живот во општината.

Градоначалникот Мицевски изрази голема почит и благодарност за нивниот досегашен придонес  во зачувување и негување на традицијата на страоградската песна во Крива Паланка, како на еден своевиден  репрезент на културата на градскиот живот на старите кривопланчани.

КУЗ „РАСПЕАНИ ПАЛАНЧАНИ“, години наназад го чуваат, негуваат и пренесуваат духот на кривопаланечката чаришија, ги овековечуваат настаните од дамнешните времиња и  пренесувајќи ги обичаите  ги  полнеа  срцата на кривопланчани со убавини и гордост.

Големина на фонт
Контраст