Градоначалникот Мицевски со целосна подршка на родово сензитивни политики

Градоначалникот Мицевски оствари работната средба со менторката за родово одговорно буџетирање, Кристина Хаџи Василева и координаторката за еднакви можности на жените и мажите во општината, Лидија Митовска. Заложбите за унапредување на родовата еднаквост во општината Крива Паланка се поддржани од канцеларијата на UN Women во Скопје во рамки регионалниот проект за промоција на родово одговорни политики.
На состанокот присутните ги договорија понатамошните чекори во процесот на подготовка и креирање родово избалансиран буџет како дел од стратешките цели на Градоначалникот за транспарентно и отчетно управување со јавните финансии и креирање на општинскиот буџет согласно потребите на граѓаните.
Со проектот ќе се зајакнуваат капацитетите на општинската администрација и на Советот на oпштина Крива Паланка за креирање родово одговорни политики и унапредување на родовата еднаквост. Се очекува реализација на обуки, работилници и менторска програма со специфични мерки и буџетски алокации за нејзино спроведување.
Родовото буџетирање претставува примена на родовата стратегија во буџетскиот процес. Тоа значи родово-ориентирана процена на буџетите, инкорпорирајќи ја родовата перспектива на сите нивоа од буџетскиот процес и преструктуирање на приходите и трошоците со цел да се промовира родова еднаквост.
Грдоначалникот Мицевски истакна дека локалната власт има клучна улога во намалување на нееднаквостите и промовирањето на вистинско еднакво општество. Доколку сакаме да изградиме заедница што се базира на еднаквост, многу е битно локалната власт целосно да ја земе во предвид половата димензија и да ја вметне во своите правила на управување, организација и практично работење. Во денешницата и во иднината, вистинската еднаквост помеѓу мажите и жените е исто така клучот за нашиот економски и социјален успех, не само на локално туку и национално ниво.
Заедничка цел е, континуирано унапредување на статусот на жените и понатамошен развој и реализацијата на родовата рамноправност.