Градоначалникот Мицевски ги отвори вратите и за невладиниот сектор

Претставници на Невладината организација ,,Наша куќа“ денеска беа во посета  на градоначалникот Борајанчо Мицевски со цел да го запознаат со портфолиото и  досегашните активности  на нивното здужение.

Од страна на претставниците на ова здружение, беше речено дека тие веќе 4 години реализираат  активности во нашата општина, а со цел инклузија и социјализација на младите од ромската заедница. Во рамки на нивниот проект тие досега имаат отворено градинка во која се едуцираат ромските дечиња од предшколска возраст.Програмските активности се во насока на учење на македонскиот јазик, развивање на културни навики и бонтон, како и пружање на помош на повозрасните ученици во совладување на наставни содржини, како и пружање на помош во  изработка на домашни задачи по определени училишни предмети.

Претставниците на здружението искажаа осособена благодарност и изненадување за ваквиот срдечен и конструктивен прием од страна на градоналникот, кој нагласи дека секогаш ќе пружа помош и поддршка на ваквите креативни идеи на граѓанските здруженија.

Градоначалникот Мицевски со големо задоволство ја прифати и поканата за посета и директно запознавање со активностите на здружението ,,Наша куќа“.