Пензионерите на прва официјална средба со градоначалникот Мицевски

Градоначалникот Борјанчо Мицевски денес оствари прва официјална средба со претставници на двете пензионерски здруженија од општината.

На средбата, Мицевски  ги повика пензионерите како лица со најголемо животно  искуство, интелектуален капацитет и знаење, да дадат свои сугестии и предлози за подобрување на досегашната соработка, како и нивно поактивно вклучување и придонес во креирањето и конкретизирањето на понатамошни активности кои се од заеднички интерес.

Градоначалникот го изрази големо задоволство и благодарност за нивната посета, а воедно им ги пренесе и своите заложби и определби, секој граѓанин на Крива Паланка да даде свој придонес во подобрување на општата состојба во општината.