Одбележан Денот на лицата со попреченост

По повод 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост во Организација на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа и ЦПЛИП Порака од Крива Паланка, со поддршка на Локална Самоуправа и Градоначалникот Арсенчо Алексовски се одржа манифестација во просториите на Дневниот Центар за лица со интелектуална и телесна попреченост.

По тој повод согласно со програмата присуствуваа ученици од Основните училишта Јоаким Крчовски, Илинден и Христијан Тодоровски Карпош кои настапија пред штитениците. Исто така и штитениците на дневниот центар приредија приредба за гостите, каде беа присутни и претставници од Општинската администрација кои им подарија  на штитениците фотоапарат, подарок од Градоначалникот.

ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, дневен центар за лица со попреченост му додели на Градоначалникот Благодарница за дадената поддршка и хуманитарната помош.

 
   

 

 

 

Големина на фонт
Контраст