Градоначалникот Борјанчо Мицевски во обиколка на тековните проекти во општината

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски во текот на денешнот ден имаше можност директно да се запознае и да ја утврди динамиката на работата на  проектот за адаптација на општинските сали.

Откако детално ги разгледа и се запозна со тековните активности, Градоначалникот Мицевски даде и свои идеи и предлози до стучните лица, се со цел зголемување на функционалноста и адаптибилноста на самите простории.

Реконструкцијата на т.н. голема и мала сала при Општина Крива Паланка се изведува  во рамки на проектот  „Промоција на туристичките атракции во 3D” финансиран од IPA CBC програмата на ЕУ аплициран од страна на Општина Крива Паланка преку  Североисточниот плански регион.

Со имплементацијата на овој проект општина Крива Паланка ќе добие најсовремена сала за 3D презентации која што ќе биде опремена со најсовремена  ИТ опрема, кабини за симултан превод и адаптибилен мебел и ентериер кој ќе овозможи брза и лесна адаптација на салата во однос на потребата за која што ќе се користи.

Освен големата сала исто така ќе биде реконструирана и малата сала која што ќе биде адаптирана за одржување на состаноци и настани со помал број на учесници.

Реконструираните сали освен за потребите на општина Крива Паланка ќе бидат достапни за користење на сите институции, здруженија и групи на граѓани од североисточниот регион на РМ.

Големина на фонт
Контраст