Координативен состанок во врска со големиот пожар кој ја зафати територијата на с. Габар, с.Градец и с. Осиче

Вечерта 07.09.2017 година со почеток во 22:30 часот се одржа координативен состанок во врска со големиот пожар кој избувна денеска и ја зафати територијата на с. Габар, с.Градец и с. Осиче. На состанокот присуствуваа Градоначалникот на Општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски кој го водеше состанокот, претставници од Територијална противпожарна единица Крива Паланка, ЈП Македонски Шуми, Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи, ЈП Комуналец Крива Паланка, ЈП Македонија Пат, Министерство за внатрешни работи, Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, Шумска полиција, Интернат Боро Менков и од Општинската администрација.
Состанокот го отвори и водеше Градоначалникот на Општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски кој наведе дека истиот е свикан по повод состојбата со големиот пожар кој ги има зафатено териториите на селата Габар, Градец и Осиче со цел координирање на меѓусебните активности на различните институции во поглед на справување со пожарот. Истакна дека општината веќе се има обратено до Дирекцијата за заштита и спасување и е побарана помош за гасење на пожарот со авионии. Од страна на Командирот на ТППЕ Крива Паланка беше истакнато дека се работи за пожар од поголеми размери, кој поради високата трева, боровата шума кои ги има зафатено и силниот ветар според последната состојба се простирал на површина од околу 50 ха. За негово справување истакна дека се ангажирани пожарникарите од ТППЕ Крива Паланка и Ранковце како и работници од ЈП Македонски Шуми, но дека согласно на правилата и процедурите за гаснење на шумски пожари истите се повлечени поради настапување на ноќта и можноста од настапување на повреди и несакани последици. Истакна дека овие екипи веќе во раните утрински часови поточно во 5 часот ке бидат излезени на терен и ќе продолжат најпрвин со ставање на пожарот под контрола па се до негово целосно гасење. Од страна на претставници на Дирекцијата за заштита и спасување беше наведено дека ќе го дадат својот придонес со тоа што заедно со екипите за гасење на пожарот уште утрината ќе излезат на терен и по согледување на состојбата ќе пратат соодветно известување најкасно до 7.00 часот за ангажирање на авионите за гасење на пожарот, како и дека ќе ги ангажираат силите за справување со пожарите. И од страна на ЈП Македонски Шуми беше истакнато дека нивни екипи заедно со пожарникарите ќе заминат на гасење на пожарот.
Беа донесени заклучоци покрај Пожарникарите и вработените во ЈП Македонски Шуми кои ќе излезат на терен за гасење во 5 часот, да бидат ангажирани сите расположливи сили од Општината, ЈП Комуналец, Дирекцијата за заштита и спасување, да биде испратена соодветна механизација и превозни средства, од страна на МВР да биде регулиран сообраќајот и во координација со командирот на ТППЕ состојбата на терен, од страна на ДЗС до 7.00 часот да се достави известување за состојбата на пожарот и да се координира активноста за гасење со авиони.
Воедно е закажан состанок за петок 08.09.2017 година во 09.30 часот помеѓу сите присутни на состанокотосвен оние кои ќе бидат излезени на терен за повторно координирање и утврдување на насоки и активности за понатамошно постапување.

Големина на фонт
Контраст