Градоначалникот Арсенчо Алексовски ги посети учесниците на тренинг кампот во с.Трново

Во периодот од 07.08.2017 до 10.08.2017 година во с.Трново се одржа тренинг камп за подготвеност и дејствување при катастрофи на кој се разработуваа сценарија на кои беа предвидени големи шумски пожари, евакуација и сместување на населението.

На тренингот беа разработени темите:

-Проценка на терен, улогата на Црвениот Крст во кризен менаџмент, безбедност и ризици при дистрибуција, прва помош, психосоцијална подршка и хуманитарна помош.

-СФЕРА- стандарди, евакуација и сместување на населението каде од страна на инструктор од Црвен Крст преку практични примери со размена на искуства беше пренесено знаењето кон новите волонтери.

Тренинг кампот е организиран од страна  на ОО Црвен Крст од Крива Паланка со подршка на Црвениот Крст на Р.Македонија, а учесниците  се волонтери од Црвениот Крст од Крива Паланка, Црвениот Крст од Кочани,  Црвениот Крст од Ниш, Р. Србија и Црвениот Крст од Ќустендил од Р. Бугарија.

Третиот ден  од тренинг кампот беше искористен за спроведување на две вежби. На првата вежба тимовите правеа проценка во четири села кои беа предвидени во првичното сценарио за големи пожари, а во втората вежба беше спроведена  евакуација и прва помош на четири малолетници повредени  во пожар.

Тренинг кампот ја имаше целта за подигнување на капацитетот на Црвениот Крст и останатите институции, подобрување на соработката како на локално така и на регионално ниво.

Денеска  Градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски ги посети учесниците на кампот каде ја поздрави целата организација и им даде целосна подршка на организаторите и учесниците, се запозна со активностите и дејствијата на учесниците.

Градоначалникот Алексовски  организираше појадок за учесниците на тренинг кампот на кој и тој присуствуваше.