Резултати од наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме”

Жителите на Крива Паланка масовно учествуваа  во наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”, во организација на Елколект, која се одвиваше скоро два месеци, едновремено со акците во Гази Баба, Куманово и Ранковце.

„Со компанијата Елколект, остваривме одлична и конструктивна соработка. Изненаден сум и задоволен од одзивот на  паланчани и горд сум што жителите дадоа свој личен придонес кон почиста животна средина“  – изјави Бранко Велиновски, координатор на спроведувањето на акцијата на локално ниво.

Извлекувањето се одвиваше во просториите на општината под надзор на тричлена комисија составена од два члена од општината и еден член од Елколект.

Учесниците кои не присуствуваа на извлекувањата, а нивниот купон со реден број е во извлечените,  имаат можност заклучно со 31 јули да се јават во општината или во Елколект и да си ја подигнат наградата

Преку наградните игри и општествено одговорните активности организирани локално, компанијата Елколект  сака да се заблагодари на граѓаните кои својот електричен и електронски отпад го оставија на  пропишаните места, а воедно да ги поттикне останатите да го остават  овој вид отпад од своите домови на собирните места организирани од Елколект и со тоа ја допринесат кон зачувување на животната средина и човековото здравје.

ИЗВЛЕЧЕНИ КУПОНИ

ОД НАГРАДНАТА ИГРА „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ“

 Награди од Еколект

  1. ТОСТЕР купон со реден број   002123
  2. ДВД купон со реден број   002072
  3. Смарт телефон купон со реден број   002125
  4. Фотоапарат купон со реден број   002154
  5. Лет ТВ купон со реден број   002186

 Награди од Општина

  1. Фен за коса купон со реден број   002164
  2. Електрично џезве купон со реден број   002174

 Награди од Нептун

  1. Електрична пегла купон со реден број   002178
  2. Правосмукалка купон со реден број   002200

Одговорно лице   Бранко Велиновски /Контак тел.075-236-557

 

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст