Одржани традиционалните меѓуопштински пензионерски игри

Здружението на пензионери од Крива Паланка на 27 април 2017 година ги организира традиционалните меѓуопштински игри на кои учество зедоа здруженијата на пензионери од Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Свети Николе, Куманово и Липково. Овие игри се од забавен карактер со наптпреварувачки дух и се претставени како натпревари во пикадо, шах, карти, домино, табла, билјард, шутеви на мали голчиња и давање на кошеви во машка и женска дисциплина. Кривопаланечката екипа беше најуспешна со 35 освоени бодови, потоа следуваа Пробиштип и Свети Николе со 32 бода и Кратовската екипа со 31 бод.

Како и секоја година Градоначалникот Алексовски при своето обраќање ги поздрави пензионерите учесници, посакувајќи им дружење и натпреварување и секако да победат најдобрите.

IMAG6873 IMAG6875 IMAG6877