Во тек се активностите за изградба на локалниот пат во село Конопница од Деловодци преку м.в. Kула до Црквата

Во тек се активностите за изградба на локалниот пат во село Конопница од Деловодци преку м.в. Kула до Црквата. Средствата се обезбедени  од Светска банка преку Министерство за финансии, со грант од ИПА програмата на Европската унија. Динамиката на градба е забрзана со оглед на подобрените временски услови. Патот е со должина од 1.100 метри, a  ќе биде изградена и атмосферска канализација.

Жителите на овој реон од с.Конопница ќе добијат асфалтен пат со сите стандарди, овој дел е густо населен, а граѓаните ќе имаат подобри услови за пристап до домовите.