Делегација од збратимениот град Свидник – Словачка ја посети Крива Паланка

Делегацијата предводена од Градоначалникот на Свидник инженер Јан Холоднак и Раководителот на одделението за финансии инженер Николај Влчинов ја посетија Крива Паланка по официјално упатената покана од страна на Градоначалникот Алексовски.

Посетата беше во рамки на манифестацијата „Поклонение на Св. Теодор Тирон“ која се одржува во с. Конопница.

Градоначалникот Холодњак на состанокот одржан во кабинетот на градоначалникот Алексовски истакна дека секогаш кога доаѓа во Крива Паланка се чуствува прекрасно. Самата манифестација „Поклoнение на Св. Теодор Тирон“ од страна на снааите и свекрвите како еден дел од обичаите кои се негуваат на ова подрачје дополнително ја претставуваат општината и даваат слика за дел од обичаите, традицијата, религијата и фолклорот кои се составен дел од настанот. Воедно се заблагодари на својот колега Алексовски за поканата и прекрасно организираната манифестација.

Градоначалникот Алексовски се заблагодари на присуството на Словачката делегација кои со нивното присуство ја збогатија оваа манифестација. Истакна дека ваквите и слични настани се начин на меѓусебно запознавање и можност за продлабочување на соработката воспоставена во 2013 година со потпишување на договорот за соработка.

poseta_slovacka2 poseta_slovacka1