„Пивтијада 2017“ во Крива Паланка

Над 7.000 парчиња пивтии приготвени по традиционален рецепт беа дегустирани на „Пивтијада 2017“ во Крива Паланка.

Манифестацијата се одржа на централниот градски плоштад.

– Околу 100 порции или од 7.000 до 8.000 парчиња пивтии беа подготвени за традиционалната манифестација и драго ми е што во вакви услови, на снежно и студено време, на гардскиот плоштад владееше вистински амбиент на Водици и празникот го прославивме заеднички, изјави градоначалникот Арсенчо Алексовски.

Пивтиите ги приготвија учениците од угостителската паралелка на средното општинско училиште „Ѓорче Петров“, под менторство на професор Дане Петровски и искусни готвачи на традиционална храна од градот. Овој гастономски специјалитет се дегустираше со топли напитоци кои ги поделија волонтерите од општинска организација на Црвен крст, Крива Паланка.

Манифестацијата осма година по ред ја организира локалната самоуправа на општина Крива Паланка на големиот христијански празник Богојавление – Водици, по Богојавленскиот водосвет и фрлањето на крстот во водите на Крива Река.

[embpicasa id=”6377589098838179041″]

Големина на фонт
Контраст