Во Крива Паланка прославен големиот христијански празник Богојавление – Водици

Во организација на локалната самоуправа на општината и Македонската православна црква, Кумановско-осоговска епархија, Кривопаланечо архиерејско намесништво,  во Крива Паланка  се одржa прославата на големиот христијански празник, Богојавление-Водици.

Одбележувањето на големиот христијански празник  започнa со свечена литургија во соборниот храм „Свети Димитриј“, по што следуваше чинот на спуштање на благословениот крст во водите на Крива Река.

Годинава четириесетмина се пријавија и се фрлија по крстот, а најсреќен беше Стефан Петровски од кривопаланечкото село Мождивњак кој го извади крстот од водите на Крива Река.

Петровски од Општината доби награда, машина за перење.

[embpicasa id=”6377587721983023393″]

 

 

Големина на фонт
Контраст