Зимско одржување во општина Крива Паланка

Општината Крива Паланка после обилните врнежи од снег кои ја зафатија Крива Паланка веднаш започна со прочистување и оспособување на сообрааќајот на улици и локални патишта на својата триторија, а кои се во нејзина надлежност.

Чистењето на обилните снежни наноси се одвиваше по приоритети утврдени согласно на програмата за зимско одржување усвоена од Советот на Општина Крива Паланка. Јавното Претпријатие „Комуналец“ ги изведуваше работите на терен со сета расположива механизација и човечки ресурси.

Чистењето на снежните наноси е во голема мера отежнато поради екстремно ниските температури ( -15 до -23 степени целзиусови) при што абразивните материјали не делуваат врз заледените коловозни површини на температури пониски од (-6) степени.

Посебен проблем претставуваше и чистењето и оспособувањето на сообраќајот кон селата кои се наоѓаат повисоко, како што се с.Луке, с. Станци –м.в. Метоф, с. Огут, с. Нерав и други. Во насока на припрема на највените обилни снежни врнежи и екстремно ниски температури беше одржан и состанок помеѓу инволвираните субјекти, а се со цел координирање на активностите помеѓу Ј.П. Македонија пат кое е наделжно за магистралниот и регионалните патишта и ЈП Комуналец кое е надлежно за улици и локални патишта во Крива Паланка.

Како резултат на ваквата соработка во текот на вчерашниот ден со заеднички напори, екипи и механизација беше оспособен регионалниот патен правец кон с. Огут, а по неговото прочистување беше продолжено со прочистување и на локалниот пат кој води кон с. Нерав. И покрај наведените неповолни временски услови механизацијата остана на терен, ја заврши во целост работата и беше повлечена во доцните вечерни часови околу 22.00 часот.

Во наредните денови се продолжува со активностите за чистење и одржување на патиштата и улиците според утврдените приоритети.

[embpicasa id=”6373618704096221601″]

 

 

Големина на фонт
Контраст