Прославен Бадник на градскиот плоштад во Крива Паланка

Ноќта пред Христовото раѓање – Божиќ, кривопаланчани го прославија големиот верски празник Бадник на градскиот плоштад. Со палење на коледарскиот оган се славеше љубовта, радоста и мирот меѓу луѓето со добра волја. Годинава најсреќен беше Бранко Величковски кому му се падна паричката, со што го презема кумството од минатогодишниот кум Томе Тодоровски. Многу здравје, среќа, радост и успеси на сите кривопаланчани им посака градоначалникот на Општина Крива Паланка г. Арсенчо Алексовски.

String could not be parsed as XML