Одржан состанок за зимско одржување

Денес 04.01.2017 година во кабинетот на Градоначалникот Арсенчо Алексовски се одржа состанок во врска со зимското одржување, а особено за најавените обилни врнежни од снег и ниски температури во наредниот период.

На состанокот присуствуваа Градоначалникот Арсенчо Алексовски, претставници од одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура при Општина Крива Паланка кое е задолжено за организирање на зимското одржување Никола Граматиков, Блаже Илиевски, Кире Велески, претставници од ЈП „Комуналец“ Крива Паланка задолжено за спроведување на зимско одржување директорот Томе Тодоровски и Бранко Величковски, претставник на ЈП Македонија пат П.Е. Крива Паланка – раководителот Игор Тодоровски, претставници од Министерство за внатрешни работи – ПС Крива Паланка Оливер Стојановски и Кире Николовски.

Градоначалникот Алексовски го отвори и водеше состанокот на кој исткна дека помеѓу сите инволвирани субјекти треба да продолжи да се одржува веќе воспоставената добра координација и пракса при зимското одржување. Со оглед на најавените обилни врнежи од снег и ниските темепратури, службите треба да бидат во постојана комуникација и благовремено да се пружа меѓусебна помош и да се преземаат потребните активности.

Од страна на ЈП Комуналец кое е надлежно за зимско одржување на локални патишта и улици и од страна на ЈП Македонија пат надлежно за одржување на магистралниот и регионалните патишта беше истакнато дека истите се опремени со механизација, луѓе како и со неопходните материјали за зимско одржување (ризла, сол и други абразивни матријали).

На состанокот беа потврдени приоритетите за одржување на сообраќајната инфраструктура, воедно како и во претходните години беше прифатено барањето на граѓаните на Крива Паланка на одредени локации од градот да се остават одредени количини на ризла и сол како би можеле истите благовремено да го употребат.

Исто така се упати апел до сопствениците на фирми и граѓаните да ја почитуваат законската обврска и да го исчистат просторот пред нивните деловни/станбени објекти со тоа што снегот ќе го соберат на купчиња за полесно негово отстранување.

sostanok_zimsko_odrzuvanje1 sostanok_zimsko_odrzuvanje2

Големина на фонт
Контраст