Се одржа шестата по ред традиционална спортска манифестација „Рели Калин Камен 2014“

Во сабота на 24 мај традиционално по шести пат во организација на Општина Крива Паланка и АМК „Офф Роад Осогово“ се одржа ревијалната спортска манифестација „Рели Калин Камен 2014“. Манифестацијата се одржува во чест на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.

[embpicasa id=”6017617596943558081″]

Колона со околу 100 учесници од мото и авто-мото клубовите тргна од плоштадот во Крива Паланка и мина низ прекрасните предели на Осоговските Планини – Мождивњак, Острец, Бари, Костадиница, Бабина чешма, Царев Врв, Алтн чешма, Калин Камен се до манастирот Свети Јоаким Осоговски. Учесниците на релито, вљубеници во авантура и овој спорт, имаа можност да го посетат и Кнежевското Езеро од хидро-системот „Злетовица“.

 

Должината на патеката е 64 километри, од кои 80 отсто е неасфалтиран пат, а највисоката точка до која се вози е Царев Врв (2.085 метри), втор по височина врв на Осоговието.

 

На Царев Врв се приклучија и  рели учесниците од соседните општини, а на крајот сите учесници се собраа на традиционален заеднички ручек во манастирот „Свети Јоаким Oсоговски“, каде ги споделија своите впечатоци и доживувања со желба за повторно дружење на наредното седмо по ред рели Калин Камен.

 

Големина на фонт
Контраст