Продолжуваат градежните активности во населба Лозаново

Општина Крива Паланка во текот на вчерашниот  ден продолжи со асфалтирање на дел од улицата Лозановска – крaк 1.  Асфалтиран беше крак од улицата со должина од 135  метри и ширина од 3,5 метри.  Асфалтиарњето ќе продолжува и во текот на наредните денови  и  на третиот крак  од истоимената улица. Паралелно на други локации се врши сечење на асфалтните површини за санација на ударните дупки.  Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино-Трејд“ од Гостивар.

[embpicasa id=”6176468561950367169″]

Градежните активности за асфалтирање и тековното одржување на улиците продолжуваат во наредниот период согласно предвидената динамика и временските услови и на други локации во градот.

Големина на фонт
Контраст