Општина Крива Паланка
Се уредува улицата Моша Пијаде
Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура при Општина Крива Паланка, интензивно работи на остварување на активностите предвидени со годишната програма.
Во тек е поплочување на предвидени 200 метри од улицата Моша Пијаде како и пробивање и припрема на теренот за поплочување на дополнителни 90 метри. Овој дел од патот беше тешко прооден и непристапен за моторни возила.
Состанок на архитекти и градежни инжинериНа ден 03.09.2010 година во малата сала на општината Крива Паланка се одржа состанок на архитекти и градежни инжинери со кој раководеше градоначалникот на општината г-дин Арсенчо Алексовски.
СООПШТЕНИЕ за корисниците на стипендииКомисијата за доделување на стипендии за подршка на млади таленти од Општина Крива Паланка, ги известува корисниците на стипендија за талентирани УЧЕНИЦИ/СТУДЕНТИ од средните училишта и Универзитети во Р.Македонија, почнувајки од учебната 2009/2010 година дека се должни да ги почитувате правата и обврските за исплата на стипендија кои се утврдени во договорот за доделување на стипендии потпишан од Ваша страна како корисник на стипендија и од Општина Крива Паланка како давател на стипендија.
|
Известување до граѓанитеПочитувани, Ве известуваме дека на ден 08.09.2010 г. во с.Огут ќе се организира народен собир по повод oсамостојувањето на Р.Македонија. На тој ден граѓаните од пограничните општини ќе можат да ја поминат границата со лична карта, а возилата со зелен картон во време траење од 08.00 ч. до 18.00 ч. Општина Крива Паланка Конкурс за доделување на стипендии за талентирани ученици-студенти Врз основа на Одлуката на Советот на Општина Крива Паланка бр. 07-3147/19 од 16.08.2010 година,Општина Крива Паланка распишува КОНКУРС За доделување на стипендии за талентирани ученици-средношколци и талентирани студенти кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Македонија во учебната/студиската 2010/2011 година
|



Култура










