logo
  • Видео Информации

    • Осогово – планина која плени со својата убавина
      Осогово – планина која плени со својата убавина
    • Една година отворена општина – Една година за граѓаните на Крива Паланка
      Една година отворена општина – Една година за граѓаните на Крива Паланка
    • Меѓународен фолклорен фестивал Свети Јоаким Осоговски 2018
      Меѓународен фолклорен фестивал Свети Јоаким Осоговски 2018
    • Интензивирање на инвестициите и можностите за бизнис заедницата во Крива Паланка
      Интензивирање на инвестициите и можностите за бизнис заедницата во Крива Паланка
  • Видео пренос од седници на Совет

    • 19. седница на Совет на Општина Крива Паланка
    • 18. седница на Совет на Општина Крива Паланка
      18. седница на Совет на Општина Крива Паланка
    • 17. седница на Совет на Општина Крива Паланка
    • 16. седница на Совет на Општина Крива Паланка
  • Врз основа на Правилникот за условите, критериумите и правилата за субвенциониран превоз на студенти кои студираат на Државните Универзитети во Штип и Скопје („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.15/2017  од 28.12.2017 година) Општина Крива Паланка објавува

    КОНКУРС
    ЗА СУБВЕНЦИОНИРАН ПРЕВОЗ НА СТУДЕНТИ КОИ СТУДИРААТ НА ДРЖАВНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ ВО ШТИП И СКОПЈЕ, А СЕ ЖИТЕЛИ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

     Општина Крива Паланка за 2018 година субвенционира превоз на

    • 10 (десет) студенти кои студираат на Државните Универзитети во Штип и Скопје во Република Македонија
    • Субвенционирањето е со два повратни месечни билети со превоз од АДПТУТ „Пролетер“ АД с. Конопница Крива Паланка

    Услови за доделување на субвенции

    Право на субвенција имаат студентите кои се запишани на Државните Универзитети во Штип и Скопје во Република Македонија и ги исполнуваат следните услови:

    – Општи услови за студенти :

    1. да се жители на општина Крива Паланка
    2. да се редовни студенти
    3. да не повторувале година во текот на студирањето
    4. да се државјани на Република Македонија
    5. во предвид ќе бидат земени апликациите на студенти деца на самохран родител, студенти деца на невработени родители, студенти деца без родители и родителска грижа, студенти деца со посебни потреби и студенти деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини за кои вкупните приходи во семејството се под нето минималната плата утврдена во Република Македонија
    6. да не се постари од 25 години

    Критериуми за доделување на субвенции се

    1. Постигнат успех од претходните студиски години од најмалку 8,5
    2. Материјални можности на студентите  и нивното потесно семејство

    Потребни документи за учество на конкурсот

    (Потребни обрасци)

    1. Евидентен лист пополнет од апликантите до комисијата
    2. Потврда за редовен студент
    3. Уверение со број на предвидени и  положени испити од претходни години
    4.  Потврда од плата/чек од пензија за татко/мајка или старател за исплатена плата за последни три месеца, за невработените потврда од Агенција за вработување на Република Македонија дека се невработени или примат/не примат паричен надоместок, додека за другите членови на семејството брат/сестра доколку се ученици или студенти потврда од училиште или факултет
    5. Документ за кандидати-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се категоризирани како лица со посебни потреби
    6. Изјава за семејна положба
    7. Изјава за точни податоци во приложена документација
    8. Изјава за користење на лични податоци
    9. Копија од државјанство на РМ

    Место и рок на поднесување на документи

    Потребните документи се доставуваат до Општина Крива Паланка

    Рокот на поднесување на документи е 01.02.2018 до 28.02.2018 година

    • При поднесување на документи кандидатите потребно е со себе да носат и индекс.
    • Потребните обрасци може да се набават во Општина Крива Паланка или на веб страницата на општината www.krivapalanka.gov.mk
    • Некомплетни ненавремено доставени документи и документите доставени по пошта нема да се разгледуваат.
    • Резултатите ќе бидат објавени во рок од 8 (осум) дена од денот на завршување на конкурсот
    • Резултатите ќе бидат објавени на огласна табла во општина Крива Паланка и на веб страната на општината www.krivapalanka.gov.mk
    • Незадоволните кандидати имат право на приговор во рок од 3 (три) дена од денот на објавувањето на резултатите.
    • Поблиски информации може да се добијат директно во канцеларијата на комисијата или на телефон 031/372-130  076/337-446   070/607-543.

               ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
    Градоначалник
    Борјанчо Мицевски


    Заврши четиридневната меѓународна конференција, која се спроведе во рамки на проектот „Споделени вредности – споделена Европа”, финансиран од програмата Европа за граѓаните на ЕУ, кој што се имплементира во партнерство помеѓу општина Дупница, општина Крива Паланка и Центар за одржлив развој ЕГРИ од Крива Паланка.

    Конференцијата започна на 18 февруари со учество на градоначалниците, претставници на општинската администарција и на советите на општина Дупница и општина Крива Паланка, на која беше потпишан и Меморандум за развој и унапредување на спортот помеѓу двете општини и продолжи во наредните денови.  

    На 4-дневната конференција  учествуваа претставници од локални институции, организации и други субјекти од областа на спортот кои дискутираа за унапредувањето на условите за развој и омасовување на спортот. Беа разгледани можностите за заеднички кампови на спортски клубови на ниво на училиштата за деца и млади, а беше констатирано и дека е потребно  општините да доделат повеќе  ресурси на спортските клубови, бидејќи натпреварувачите се оние кои со своите успеси го носат имиџот на нивниот роден град. Дискусиите  особено беа насочени  кон развојот и стимулацијата  на младите луѓе за земањето учество во разни спортски и културни иницијативи, вклучувајќи и можности спортот да стане туристички производ и можност за претприемништво меѓу населението. На средбата имаше и презентација на спортски друштва од двете општини кои ги покажаа и ги споделија своите вештини и искуство во спортската сала на општина Дупница.

    Покрај спортот се говореше и за продлабочување на економската соработка помеѓу двете општини  како и унапредување на културната размена.


    Во текот на вчерашниот ден, ЈП Комуналец од Крива Паланка стана потписник на договор за грант за проект кој беше аплициран преку јапонската  ГГП-програма за мали грантови за 2019 година.

    На церемонијата на потпишувањето на договорите, присуствуваше  јапонската амбасадорка Кеико Ханеда и девет претставници од институциите добитници на грантовите, меѓу кои и директорот на ЈП Комуналец, Миле Марковски, министрите за здравство, за образование, за локална самоуправа, Венко Филипче, Арбер Адеми, Сухејл Фазлиу и заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајракта.

    Вкупно девет проекти од шест региони се  добитници на грантови со вкупна вредност од околу 440 илјади евра, а вкупната вредност на грантот за општина Крива Паланка е во висина од 61  илјада евра, со кој е предвидено набавка на ново возило за смет од марката Митсубиши.

    Време на реализација на овој проект е 4 месеци, во кој период треба да се спроведе процедурата за набавка и транспорт на возилото за смет.

    Со набавката на новото возило ќе се подобри ефикасноста на комуналните услуги во насока на собирањето на сметот од контејнерите низ градот и населениете места и значително ќе се подобри техничката опременост и возниот парк на претпријатието,  што претставуваше сериозен проблем во изминатиот период.

     

     

     

     


    Во периодот  од 19 до 20 февруари градоначалникот Мицевски учествува на Инвестициски форум на градоначалници во Брисел. Форумот ги вклучува локалните и регионални власти кои доброволно се залагаат за зголемување на енергетската ефикасност и употребата на обновливи извори на енергија на нивните територии, со што директно се дава поддршка за намалување на емисијата на CO2 и заштита на животната средина.

    По усвојувањето на енергетскиот пакет на Европската унија во 2008 година, Европската комисија го започна процесот за поддршка на напорите на локалните власти во спроведувањето на политиките за одржлива енергија.

    На самитот учествуваат над 600 претставници од институции, бизнис сектор, консултантски и финансиаки организации, при што можат да се видат и да се слушне за најновите достигнувања на овој план.


    Граѓаните одлучуваат
    „РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ ВО ЗАЕДНИЦАТА“
    Прва Форумска сесија 22.02.2019 г. (петок) во 12 часот
    ресторан „Грација“ во Куманово

    Почитувани  граѓани,

    Североисточниот плански регион (СИПР) има чест и задоволство да ве покани на првата форумска сесија од регионалниот форум во заедницата, која ќе се одржи на 22.02.2019 година, во 12 часот во ресторан ,,Грација“ во Куманово.

    СИПР во  периодот од 22. 02. 2019 година до 15.03.2019 година ќе го реализира проектот  регионален форум во заедницата.  Ќе се одржат три форумски сесии и тоа:  1 фс-22.02, 2фс-01.03 и 3фс.- 15.03. 2019 г. Форумот  има за цел да го зајакне граѓанското учество во процесите на одлучување на регионално ниво, да се подобрат постојните партнерства помеѓу локалните и регионални  ентитети и да се креираат нови партнерста на локална и  регионална основа со цел да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на целата заедница.

    Последователната форумска сесија ќе се одржи во месец октомври 2019 г. на која локалните и регионалните власти ќе го информираат форумот за реализацијата на форумските одлуки.

    Форумот финансиски е подржан од Швајцарската агенција за развој и соработка,  а се реализира во соработка со  Министерството за локална самоуправа, како дел од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен  регионален развој”.

    Форумскиот процес е отворен за сите заинтерсирани граѓани од североисточниот плански регион ( жителите на шест општини од регионот: Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Кратово, Ранковце и Крива Паланка).

    Граѓаните од СИПР ќе имаат можност самите да одлучуваат за проектните идеи и предлог проекти кои ќе се реализираат во рамки на четири теми дефинирани со проектот  „Одржлив и инклузивен рамномерен  регионален развој”:

    1.Туризам;

    2.Животна средина;

    3.Бизнис инфраструктура и

    4.Социјална инклузија;

    Почитувани граѓани имате можност директно да влијаете на подобрување на социоекономската состојба во регионот, а со тоа  самите  да влијаете на подобрување на сопствениот живот.

    За сите дополнителни информации во врска со форумските  сесии лице за контакт е координаторот  на форумот,  Владимир Павловски, Тел. 071 260 022 ilindenska@gmail.com.

    Ве очекуваме!

                                                                                                       СИПР , Директор                                                                                                         Младен Протиќ


    Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и градоначалникот на општина Дупница, Методи Чимев потпишаа Меморандум за развој и унапредување на спортот помеѓу двете општини. Активноста се спроведува во рамки на проектот „Споделени вредности – споделена Европа”, финансиран од програмата Европа за граѓаните на ЕУ, кој што се имплементира во партнерство помеѓу општина Дупница, општина Крива Паланка и Центар за одржлив развој ЕГРИ од Крива Паланка. 

    Во рамки на проектот предвидена е четиридневна меѓународна конференција, која започна на 18 февруари со учество на градоначалниците, претставници на општинската администрација и на советите на двете општини.   Во текот на останатите денови на конференцијата ќе учествуваат претставници од локални институции, организации и други субјекти од областа на спортот, кои што ќе дискутираат на најразлични теми во контекст на спортот и унапредување на условите за одвивање на спорт.

    Потпишаниот меморандум за соработка на полето на спортот помеѓу двете општини во иднина ќе резултира со низа заеднички проекти и иницијативи.

     

     


    Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67  од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 20-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 25.02.2019 година (понеделник) во 14,00 часот.

    Д н е в е н   р е д:

    Усвојување на записник од 19-та седница

    1. Предлог – Решение за престанок на мандати за членови на Советот на Општина Крива Пaланка;
    2. Предлог – Решение за верификација  на  мандати за членовите на Советот на Општина Крива Паланка;
    3. Предлог – Решение за престанок на мандат на  член на Комисијата статут и прописи;
    4. Предлог – Решение за верификација на мандат на член на Комисијата статут и прописи;
    5. Предлог – Решение за престанок на мандат на  член на Комисијата  за меѓуопштинска  и меѓународна соработка;
    6. Предлог – Решение за верификација на  мандат на  член на Комисијата  за меѓуопштинска  и меѓународна соработка;
    7. Предлог – Решение за престанок на мандат на  член на Комисијата  за комунални работи и сообраќај;
    8. Предлог – Решение за верификација  на  мандат на  член на Комисијата  за комунални работи и сообраќај;
    9. Предлог – Решение за престанок на мандат на  член на Комисијата  за јавни дејности;
    10. Предлог – Решение за верификација на  мандат на  член на Комисијата  за јавни дејности;
    11. Информација за превземени мерки и активности во текот на второто полугодие на 2018 година на ПС од ОН Крива Паланка за 2018 година;
    12. Предлог-Одлука за проширување  на сретствата  на Буџетот на Општина Крива Паланка  за 2019 година;
    13. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2019 година;
    14. Предлог-Одлука за давање на приоритет за апликација на проектот „Изградба на канализација-секундарни линии за отпадни води за Бојанов Дол, крак1 и крак2, КО Крива Паланка“ , Општина Крива Паланка;
    15. Предлог-Одлука за аплицирање на проект „Изработка на техничка документација за локален патен правец Крива Паланка-Варовиште-Кошари-Б’с “ во општина Крива Паланка; 
    16. Предлог-Одлука за аплицирање  на проект „Изградба на канализација за отпадни води за дел од с. Конопница“ во општина Крива Паланка;        
    17. Предлог – Одлука за давање согласност на измената на годишниот план за вработување за 2019 година  на ООУ „Јоаким Крчовски“  Крива Паланка;
    18. Предлог-Одлука за утврдување на Ценовник  за користење на спортски објект сала „Бранители 2001“ во Општина Крива Паланка;
    19. Предлог-Одлука за усвојување  на дополнување на Програмата  за работа на СОУ „Ѓорче Петров“ –Крива Паланка  за учебната 2018/2019 година;
    20. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за определување  на висината на надоместоците  за одредени  услуги  што ги дава  ЈП Комуналец –Крива Паланка; 
    21. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за опеделување  на надоместок за  вршење услуги со товарни моторни возила  и друга опрема;
    22. Предлог-Одлука за давање согласност на измена  на годишниот  план за вработување на ЈП Комуналец  Крива Паланка за 2019 година;
    23. Предлог-Одлука за усвојување на Извештај за реализирани активности по Програмата за  активностите на Општина Крива Паланка за поддршка  на граѓанските  здруженија  во 2018 година;
    24. Предлог-Одлука за усвојување на  Извештај  за еднакви можности на жените и мажите за 2018 година – Крива Паланка;
    25. Предлог – Одлука за усвојување Извештај за реализација на Основен сообраќаен  проект за режимот на сообраќај на улица Св.Јоаким Осоговски  за 2018 година;
    26. Предлог – Одлука за усвојување на Годишен извештај по Програмата за изградба, реконструкција и одржување на јавното осветлување за 2018 година во Општина Крива Паланка;
    27. Предлог – Одлука за усвојување на Годишен извештај по Програмата за уредување на градежно земјиште за 2018 година за Општина Крива Паланка;
    28. Предлог – Одлука за усвојување на Годишен извештај по Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локална патна мрежа за 2018 година за Општина Крива Паланка;
    29. Предлог -Одлука за усвојување на Годишен извештај по Програма за изградба, реконструкција и одржување на локална водоводна и канализациона  мрежа  во Општина Крива Паланка  за 2018 година;
    30. Предлог – Одлука за усвојување на Годишен извештај за спроведување на Програмата за управување со отпад на Општина Крива Паланка за 2018 година;
    31. Предлог – Одлука за усвојување на Годишен извештај за спроведување на Програмата за реѓавање на проблемот   со кучиња  скитници  на подрачјето на Општина Крива Паланка за 2018 година;
    32. Предлог-Одлука за утврдување на месечен надомест на членовите на Комисијата за урбанизам при Општина Крива Паланка;
    33. Предлог – Одлука за усвојување Извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови и локални урбанистички плански документации во Општина Крива Паланка за периодот за 2018 година;
    34. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 529 во К.О. Мождивјак ,  Општина Крива Паланка;
    35. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 3216/1 и дел од к.п.3217 во К.О. Крива Паланка Општина Крива Паланка;
    36. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.2692/1 во К.О.Мождивјак , Општина Крива Паланка;
    37. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 3151/1 во К.О. Крива Паланка , Општина Крива Паланка;
    38. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.1759/2 и дел од к.п.4780/1   во К.О.  Дурачка Река , Општина Крива Паланка;
    39. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 9295/2  во К.О. Градец ,  Општина Крива Паланка;
    40. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 1270 во К.О. Мождивјак Општина Крива Паланка;
    41. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.34/3 во К.О.Мартиница , Општина Крива Паланка;
    42. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.1345 во К.О. Крива Паланка , Општина Крива Паланка;
    43. Предлог- Програма за работа на Советот на Општина Крива Паланка за 2019 година.

                

                                                                                                            СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

                                                                                                                                                     Претседател,

                                                                                                                                           Изабела Павловска ,с.р

     


    Советничката на програмата за развој преку спорт на Германската организација за меѓународна соработка, Дина Клингман и претставници на ГИЗ, Македонија, заедно со претставници на ТАКТ и Кошаркарски клуб Крива Паланка остварија работна средба со градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, на која се разговараше за стратегијата за развој преку спорт, социјална инклузија и развој на заедницата.

    Клингман допатува од Германија за директно да се запознае со теренот и состојбите во општините од Западен Балкан во кои годинава за првпат ќе се имплементираат пилот-проекти финансиски поддржани од ГИЗ со цел користење на спортот како алатка за поттикнување развој, социјална инклузија, економски развој и вклучување на маргинализираните групи во општеството.

    – Среќна сум што наидов на срдечен прием во Крива Паланка, како и кај партнерите и сите вклучени во мрежата за развој на спортската платформа во градот. Програмата за развој преку спорт на Германија е со седиште во Бон, работи со поддршка и финансии од Министерството за економија и развој и со активностите кои ќе се реализираат во претстојниот период во пилот општините од Македонија, Србија, Косово и Албанија сакаме да докажеме дека спортот може многу да направи за државата, за општеството и дека може многу да придонесе за поголема вклученост во заедницата. Ова е пилот иницијатива која планираме да се проширува во иднина, бидејќи имаме одлични партнери, експерти во областа на која работат и многу важно е што сите сте вклучени, и општината, и владин и невладин сектор, што се надевам ќе вроди со добри резултати, рече Клингман.

    Африм Илјази, од канцеларијата на ГИЗ Македонија, рече дека четири држави се одбрани за првично етаблирање на оваа програма, а планирано е да се вклучи и Босна и Херцеговина.

     – Најпрвин ја формиравме мрежата на соработници, се поставија начините на развивање стратегија за спорт, по што е изработена финален стратешки документ и ГИЗ ќе поддржи дел од активностите, заклучно со септември 2019, по што се надевам дека истата ќе биде стратегија која општината ќе ја одржува, изјави Илјази.

    Според градоначалникот Мицевски, можноста која се нуди за општината е начин заедничките креативни и структурни активности да се вметнат во стратегијата за развој преку спорт на Крива Паланка, со што ќе продолжи унапредувањето на спортот кое отпочна и интензивно се реализира во изминатите година и пол.

     – Крива Паланка е мала општина, сочинета од 33 рурални реони, но има потенцијал, пред се човечки капацитети да се етаблира и промовира преку спортот, пред се тргнувајќи од неколкуте интернационалци спортисти во кошарка, фудбал, пинг-понг, карате, кои достојно не презентираат во спортската сфера во Европа и светот, рече Мицевски. Во таа насока, посочи, се надева ќе придонесат за поддршка и развој на нови спортски амбасадори на градот, но и развој на заедницата во целост.

    Фокус на стратегијата за развој преку спорт на Крива Паланка, според Магдалена Спасовска, извршна директорка на ТАКТ, се младите, од 7 до 18 години, маргинализираните групи, но и сите млади кои можат да се вклучат во спортската преродба. Стратегијата и спортската програма ќе ја реализираат спортски тренери и работници, а ќе бидат вклучени и институциите на локално ниво, формирајќи трајни и одржливи партнерства.


    Центарот за младински иницијативи Цик-Цак од Крива Паланка ја оддржа третата работилница за изготвување на нацрт стратегија за млади. Работилницата е дел од процесот на стратешкото планирање кое се одвива во рамките на проектот „Промоција на младинскиот активизам преку креирање на институциска платформа за младински потреби“.

    На третата работилница главни теми за работа беа, принципот на изготовка на SWOT анализи за стратешка ориентација со анализа на приоритетни области за потребите на SWOT, а беа разработени и методи за развивање на стратегија.

    За реализација на проектот и за изготвувањето на нацрт стратегијата за младите во општина Крива Паланка, досега се реализираа три работилници, а согласно предвидените проектни активности предвидени е и четврта која ќе се реализира во наредниот период.

    На работилницата присуствуваа претставници на средношколците и наставниот кадар од СОУ Ѓорче Петров, претставници на младинските организации и здруженија од општината, како и претставници од локалната самоуправа.


    Врз основа на член 35 став 3 и член 46 став 9 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), градоначалникот на општина Крива Паланка го дава следното

    СООПШТЕНИЕ
    за организирање на јавна анкета и јавна презентација на ЛУПД за изградба на базна станица на дел од к.п.бр. 3156/1, м.в. „Стража“ во КО Метежево во општина Крива Паланка


    Здружението Центар за младински иницијативи Цик-Цак од Крива Паланка денес ја оддржа втората работилница за стратешко планирање во рамки на проектот „Промоција на младинскиот активизам преку креирање на институциска платформа за младински потреби“.

    Согласно активностите на проектот, предвидени се четири работилници за статешко планирање, како дел од процесот за изготвувањето на нацрт стратегијата за младите во општина Крива Паланка, а денес се реализираше втората работилница.

    На денешната работилница, со присутните се разработуваа методите и начините за добивање на информации, матрица на опфат за разбирање на основните концепти на стратешко размислување со презентација и вежби  и ПЕСТ анализата како една од најкорисните алатки за стратешко планирање.

     

     


    Големина на фонт
    Контраст