logo
  • Видео Информации

    • Промотивно видео: ДОБРEДОЈДОВТЕ во Крива Паланка
      Промотивно видео: ДОБРEДОЈДОВТЕ во Крива Паланка
    • Посета на градоначалникот на Витина, г.Сокол Халити
      Посета на градоначалникот на Витина, г.Сокол Халити
    • Еколошка акција „Општина без смет за поубав свет“
      Еколошка акција „Општина без смет за поубав свет“
    • Осогово – планина која плени со својата убавина
      Осогово – планина која плени со својата убавина
  • Видео пренос од седници на Совет

    • 26. седница на Совет на Општина Крива Паланка
    • 25. седница на Совет на Општина Крива Паланка
    • 24.седница на Совет на Општина Крива Паланка
    • 22.седница на Совет на Општина Крива Паланка
  • Врз основа на Правилникот за условите, критериумите и правилата за субвенциониран превоз на студенти кои студираат на Државните Универзитети во Штип и Скопје („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.15/2017  од 28.12.2017 година) Општина Крива Паланка објавува

    КОНКУРС
    ЗА СУБВЕНЦИОНИРАН ПРЕВОЗ НА СТУДЕНТИ КОИ СТУДИРААТ НА ДРЖАВНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ ВО ШТИП И СКОПЈЕ, А СЕ ЖИТЕЛИ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

     Општина Крива Паланка за 2018 година субвенционира превоз на

    • 10 (десет) студенти кои студираат на Државните Универзитети во Штип и Скопје во Република Македонија
    • Субвенционирањето е со два повратни месечни билети со превоз од АДПТУТ „Пролетер“ АД с. Конопница Крива Паланка

    Услови за доделување на субвенции

    Право на субвенција имаат студентите кои се запишани на Државните Универзитети во Штип и Скопје во Република Македонија и ги исполнуваат следните услови:

    – Општи услови за студенти :

    1. да се жители на општина Крива Паланка
    2. да се редовни студенти
    3. да не повторувале година во текот на студирањето
    4. да се државјани на Република Македонија
    5. во предвид ќе бидат земени апликациите на студенти деца на самохран родител, студенти деца на невработени родители, студенти деца без родители и родителска грижа, студенти деца со посебни потреби и студенти деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини за кои вкупните приходи во семејството се под нето минималната плата утврдена во Република Македонија
    6. да не се постари од 25 години

    Критериуми за доделување на субвенции се

    1. Постигнат успех од претходните студиски години од најмалку 8,5
    2. Материјални можности на студентите  и нивното потесно семејство

    Потребни документи за учество на конкурсот

    (Потребни обрасци)

    1. Евидентен лист пополнет од апликантите до комисијата
    2. Потврда за редовен студент
    3. Уверение со број на предвидени и  положени испити од претходни години
    4.  Потврда од плата/чек од пензија за татко/мајка или старател за исплатена плата за последни три месеца, за невработените потврда од Агенција за вработување на Република Македонија дека се невработени или примат/не примат паричен надоместок, додека за другите членови на семејството брат/сестра доколку се ученици или студенти потврда од училиште или факултет
    5. Документ за кандидати-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се категоризирани како лица со посебни потреби
    6. Изјава за семејна положба
    7. Изјава за точни податоци во приложена документација
    8. Изјава за користење на лични податоци
    9. Копија од државјанство на РМ

    Место и рок на поднесување на документи

    Потребните документи се доставуваат до Општина Крива Паланка

    Рокот на поднесување на документи е 01.02.2018 до 28.02.2018 година

    • При поднесување на документи кандидатите потребно е со себе да носат и индекс.
    • Потребните обрасци може да се набават во Општина Крива Паланка или на веб страницата на општината www.krivapalanka.gov.mk
    • Некомплетни ненавремено доставени документи и документите доставени по пошта нема да се разгледуваат.
    • Резултатите ќе бидат објавени во рок од 8 (осум) дена од денот на завршување на конкурсот
    • Резултатите ќе бидат објавени на огласна табла во општина Крива Паланка и на веб страната на општината www.krivapalanka.gov.mk
    • Незадоволните кандидати имат право на приговор во рок од 3 (три) дена од денот на објавувањето на резултатите.
    • Поблиски информации може да се добијат директно во канцеларијата на комисијата или на телефон 031/372-130  076/337-446   070/607-543.

               ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
    Градоначалник
    Борјанчо Мицевски


    Врз основа на Одлуката бр. 09-2472/23 од 12.08.2019 година за субвенциониран превоз на студенти за студиската 2019/2020 година кои студираат на државните универзитети во Скопје, Правилникот за условите, критериумите и правилата за субвенциониран превоз на студенти кои студираат на Државните Универзитети во Штип и Скопје бр.09-2790/21 од 28.12.2017 година („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.15/2017  од 28.12.2017 година) Општина Крива Паланка  објавува

    КОНКУРС
    за субвенциониран превоз на студенти кои студираат на државните универзитетите во Скопје, а се жители на општина Крива Паланка

    Потребни обрасци за студенти


    Врз основа на член 61 од Статутот на Општина Крива Паланка (Сл.гласник на Општина Крива Паланка бр.8/10 и 8/2014, 02/2018 и 03/2019), а во врска со Одлуката на Совет на Општина Крива Паланка бр. 09-2472/17 од  12.08.2019 година за доделување на стипендии  на ученици-спортисти во индивидуални спортови и ученици спортисти во екипни спортови кои учат во  основните училиштa на подрачјето на општина  Крива Паланка и средните училишта од Република Северна Македонија за учебната 2019/2020 година, општина Крива Паланка објавува

    КОНКУРС
    ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИИ
    НА УЧЕНИЦИ СПОРТИСТИ –ВО ИНДИВИДУАЛНИ СПОРТОВИ И УЧЕНИЦИ СПОРТИСТИ ВО ЕКИПНИ СПОРТОВИ КОИ УЧАТ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ОД РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2019/2020 ГОДИНА

    Правилник за условите, критериумите и правилата за доделување на стипендии за спортисти – ученици од основните училишта на подрачјето на општина Крива Паланка и средните училишта од Република Северна Македонија

    Пријава за стипендирање на спортисти–ученици во основните училишта на подрачјето на општина Крива Паланка и средните училишта од Република Северна Македонија за учебната 2019/2020 година


    Врз основа на член 61 од Статутот на Општина Крива Паланка (Сл.гласник на Општина Крива Паланка бр.8/10, 8/2014, 02/18 и 03/19), а во врска со Одлуката на Совет на Општина Крива Паланка бр.09-2472/21 од 12.08 2019 година За доделување на Стипендии за подршка на млади таленти од Општина Крива Паланка, како и Правилникот за условите, критериумите и правилата за доделување на стипендии за подршка на млади таленти бр.09-1829/17 од 25.06.2018 година, Општина Крива Паланка објавува

    КОНКУРС

    За доделување на стипендии за талентирани ученици-средношколци и талентирани студенти кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Северна Македонија во учебната/студиската 2019/2020година

    Потребни обрасци за ученици
    Потребни обрасци за студенти

     


    Делегација од општина Крива Паланка предводена од претседателот на Совет Изабела Павловска во периодот од 14 до 16 август 2019 г. беше во посета на збратимениот град Лугож во Романија. Посетата е на покана на градоначалникот на Лугож, г.Францис Болдеа, а по повод празникот на градот Руга Лугојана.

    Традиционално градоначалникот Болдеа  одржа состанок со делегациите на збратимените градови, каде претседателот на Совет Изабела Павловска во своето обраќање пред присутните им го честита празникот на граѓаните на Лугож, со желба соработката да продолжи и да се унапреди.

    По повод прославата на Руга Лугојана градот Лугож организира низа културни настани на кои присуствуваше и делегацијата од Општина Крива Паланка.

     

     


    Во рамките на заложбите на Општина Крива Паланка за изградба на спортски игралишта, во соработka со месното население, во м.в. Грамаѓе до магистралниот пат, извршеное е бетонирање на потребната подлога за игралиштето и е направена нова табла со кош на задоволство на најмладите жителите од населбата.

     


    Во рамките на програмата за тековно одржување на локалната улична мрежа, извршено е асфалтирање на крак од улица Пере Тошев во населба Бегови Бавчи, со што е решен долгогодишниот проблем на месното население со современ пристап до нивните домови.

    Претходно на истиот крак во соработка со месното население и ЈП Комуналец извршено е санирање на дотраената канализациона мрежа.

    Исто така се врши и асфалтирање и санирање на улични површини на крак од улица Партизанска-кон Домaчки Дол, а планирано е и крпење на ударни дупки на повеќе улици во градот како активност која ќе продолжи и во наредниот период.


    Денес во општина Крива Паланка се оддржа работна средба на тимовите за разработка на проектни предлози од општина Крива Паланка и град Лесковец, во рамки на првиот повик од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Србија-Северна Македонија,  на кој Општина Крива Паланка и град Лесковец ќе настапат со заедничка апликација.

    Градоначалникот Борјанчо Мицевски им посака срдечно добредојде и пријатни мигови на гостите од Лесковац и воедно  посака успешна работа на двата работни тима.

    На работната средба, беа разгледувани проектните предлози на двете локални самоуправи и беа договорени конкретните понатамошни чекори и активности во однос на изработката на заедничката проектна апликација.

    Покрај денешниот работен состанок, претставниците од град Лесковец имаа можност да ги посетат археолошките и историските поставки во ЛУ Градски музеј како и манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ и воедно искажаа голема благодарност и задоволство од гостопримството и конструктивноста  на нашиот тим предводен од градоначалникот Мицевски. Гостите беа пријатно  изненадени од природните убавини и потенцијалот на Крива Паланка, како и од мирот и спокојот што го нуди манастирскиот комплекс „Св.Јоаким Осоговски“.

     


    Самостојна изложба „30 години творештво“ на академскиот сликар Роберт Цветковски, вторник 20 август 2019, со почеток во 20 часот.

     

     

     


    Излезе од печат новиот број на Општинскиот информатор за месец јуни и јули.

    Сите информации со подетална содржина граѓаните може да ги најдата на веб страната на општината, а може да се регистрираат и за добивање на неделен билтен во електронска форма на нивната меил адреса. Регистрацијата се прави преку формата Пријава за е-билтен која се наоѓа на почетната страна на www.krivapalanka.gov.mk.

    Општинските информатори се достапни на http://www.krivapalanka.gov.mk/informator.


    Црвен крст – Крива Паланка денес го оддржа првиот освежителен курс по прва помош во рамки на кампањата која ја спроведува Црвен крст на Република Северна Македонија, а која се реализира низ 33 општински организации, под мотото „Твоето незнаење чини живот“.
    – Секој ден носи нови предизвици и понекогаш секундите можат да значат спас на некој човечки живот, затоа неопходно е да ги обновиме знаењата за укажување прва помош кои сигурно можат да допринесат за избегнување на поголеми последици во случај на сообраќајни несреќи, како и избегнување човечки жртви при сообраќајни незгоди, истакна градоначалникот Мицевски, кој присуствуваше на обуката.

    Присутните имаа можност да ги освежат знаењата за првата помош и истовремено да разменат искуства со предавачот Д-р Ленче Максимовска.

    Обуката ја проследија преставници од Советот на Општина Крива Паланка, ТППЕ Крива Паланка, ПС ОН Крива Паланка, ПС за ГП и ГН Деве Баир и ПЕ ДЗС Крива Паланка.

    Присутните искажаа задоволство, но и потреба од уште вакви или слични едукации.


    Големина на фонт
    Контраст