logo
  • Видео Информации

    • Една година отворена општина – Една година за граѓаните на Крива Паланка
      Една година отворена општина – Една година за граѓаните на Крива Паланка
    • Меѓународен фолклорен фестивал Свети Јоаким Осоговски 2018
      Меѓународен фолклорен фестивал Свети Јоаким Осоговски 2018
    • Интензивирање на инвестициите и можностите за бизнис заедницата во Крива Паланка
      Интензивирање на инвестициите и можностите за бизнис заедницата во Крива Паланка
    • „Место каде минатото се сретнува со иднината“ манифестација во чест на Денот на Европа
      „Место каде минатото се сретнува со иднината“ манифестација во чест на Денот на Европа
  • Видео пренос од седници на Совет

    • 17. седница на Совет на Општина Крива Паланка
    • 16. седница на Совет на Општина Крива Паланка
    • 15. седница на Совет на Општина Крива Паланка (втор дел)
      15. седница на Совет на Општина Крива Паланка (втор дел)
    • 15. седница на Совет на Општина Крива Паланка (прв дел)
      15. седница на Совет на Општина Крива Паланка (прв дел)
  • Врз основа на Правилникот за условите, критериумите и правилата за субвенциониран превоз на студенти кои студираат на Државните Универзитети во Штип и Скопје („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.15/2017  од 28.12.2017 година) Општина Крива Паланка објавува

    КОНКУРС
    ЗА СУБВЕНЦИОНИРАН ПРЕВОЗ НА СТУДЕНТИ КОИ СТУДИРААТ НА ДРЖАВНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ ВО ШТИП И СКОПЈЕ, А СЕ ЖИТЕЛИ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

     Општина Крива Паланка за 2018 година субвенционира превоз на

    • 10 (десет) студенти кои студираат на Државните Универзитети во Штип и Скопје во Република Македонија
    • Субвенционирањето е со два повратни месечни билети со превоз од АДПТУТ „Пролетер“ АД с. Конопница Крива Паланка

    Услови за доделување на субвенции

    Право на субвенција имаат студентите кои се запишани на Државните Универзитети во Штип и Скопје во Република Македонија и ги исполнуваат следните услови:

    – Општи услови за студенти :

    1. да се жители на општина Крива Паланка
    2. да се редовни студенти
    3. да не повторувале година во текот на студирањето
    4. да се државјани на Република Македонија
    5. во предвид ќе бидат земени апликациите на студенти деца на самохран родител, студенти деца на невработени родители, студенти деца без родители и родителска грижа, студенти деца со посебни потреби и студенти деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини за кои вкупните приходи во семејството се под нето минималната плата утврдена во Република Македонија
    6. да не се постари од 25 години

    Критериуми за доделување на субвенции се

    1. Постигнат успех од претходните студиски години од најмалку 8,5
    2. Материјални можности на студентите  и нивното потесно семејство

    Потребни документи за учество на конкурсот

    (Потребни обрасци)

    1. Евидентен лист пополнет од апликантите до комисијата
    2. Потврда за редовен студент
    3. Уверение со број на предвидени и  положени испити од претходни години
    4.  Потврда од плата/чек од пензија за татко/мајка или старател за исплатена плата за последни три месеца, за невработените потврда од Агенција за вработување на Република Македонија дека се невработени или примат/не примат паричен надоместок, додека за другите членови на семејството брат/сестра доколку се ученици или студенти потврда од училиште или факултет
    5. Документ за кандидати-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се категоризирани како лица со посебни потреби
    6. Изјава за семејна положба
    7. Изјава за точни податоци во приложена документација
    8. Изјава за користење на лични податоци
    9. Копија од државјанство на РМ

    Место и рок на поднесување на документи

    Потребните документи се доставуваат до Општина Крива Паланка

    Рокот на поднесување на документи е 01.02.2018 до 28.02.2018 година

    • При поднесување на документи кандидатите потребно е со себе да носат и индекс.
    • Потребните обрасци може да се набават во Општина Крива Паланка или на веб страницата на општината www.krivapalanka.gov.mk
    • Некомплетни ненавремено доставени документи и документите доставени по пошта нема да се разгледуваат.
    • Резултатите ќе бидат објавени во рок од 8 (осум) дена од денот на завршување на конкурсот
    • Резултатите ќе бидат објавени на огласна табла во општина Крива Паланка и на веб страната на општината www.krivapalanka.gov.mk
    • Незадоволните кандидати имат право на приговор во рок од 3 (три) дена од денот на објавувањето на резултатите.
    • Поблиски информации може да се добијат директно во канцеларијата на комисијата или на телефон 031/372-130  076/337-446   070/607-543.

               ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
    Градоначалник
    Борјанчо Мицевски


    Почитувани сограѓани,

    На ден 19.01.2019 (сабота) од 10.00 часот во организација на Општина Крива Паланка и на Македонската православна црква, Кумановско-осоговска епархија ќе се одбeлежи големиот христијански празник  Богојавление – Водици.

    По тој повод ги известуваме сите заинтересирани граѓани кои имаат желба да скокат во осветените води на Крива Река за да го фатат благословениот крст за здравје, среќа и бериќет, да се пријават во црквата Св. Димитриј во Крива Паланка.

    Заинтересираните, задолжително треба да донесат медицинска белешка (потврда) од матичен лекар за здравствената состојба и крштеница, со што ќе го потврдат своето учество во скокањето по благословениот крст. При пријавувањето секое лице ќе добие и реден број кој треба да го носи со себе на денот на настанот.

                                                                                                                                                          
       Општина Крива Паланка


    Денеска 14.01.2019 год. во просториите на пензионерскиот клуб, се оддржа празнична средба на пензионерите од општина Крива Паланка. Овој настан е во заедничка организација на Здружението на старосни пензионери и Здружанието на трудови инвалиди, кои традиционално се среќаваат и се дружат по повод новогодишните празници.

    На настанот присувствуваше и градоначалникот Борјанчо Мицевски со претставници на локалната самоуправа. Во оваа пригода, Мицевски се заблагодари за досегашната успешна соработка и посочи дека Општината  ќе продолжи во таа насока.

    Подобрувањето и унапрдувањето на животот и правата на пензионерите се политики, како на  локалната самоуправа, така и на Владата на Р. Македонија и во таа насока превземаме и конкретни чекори и мерки, а една од новите владините мерки е бесплатно болничко лекување на пензионерите со ниски примања, односно со примања  под 14.000 денари, рече градоначалникот  Мицевски.

    Мицевски, им посака многу здравје, среќа и успешна 2019 година на сите присутни и посака сите заеднички да продолжиме да работиме за поубава и просперитетна Крива Паланка.

     


    Почитувани сограѓани,

    По добиените препораки од страна на Дирекцијата за заштита и спасување на РМ, Општина Крива Паланка ги известува сите надлежни субјекти на локално ниво, како и сите жители на општината да ги следат издадените препораки:

    – Континуирано да се следи временската прогноза пред заминување во туристичките центри или било која друга дестинација;

    – Да не се тргнува на пат со неисправно возило и без соодветна зимска опрема;

    – Луѓето кои планираат да патуваат, да имаат доволно гориво во возилото за нивно пристигнување до саканата дестинација, но и во случај да дојде до прекин на сообраќајот;

    – Да имаат доволна количина на храна, вода, лекови и топла облека;

    – Да имаат наполнети батерии на мобилните телефони и конекција со своите роднини и пријатели;

    – Луѓето што ќе ги посетат зимските центри да ги користат уредените патеки за скијање, а доколу истите сакаат да ги напуштат да ги известат спасителните служби на тие центри;

    – Планинарите, алпинистите и останатите граѓани кои сакаат да планинарат во зимски услови, да ги известат најблиските полициска станици или спасителни служби за нивниот правец на движење и времето на враќање.

    Препораки од Дирекцијата за заштита и спасување на граѓаните кои живеат на повисоките места во зимски услови

    • Навремено да обезбедат доволни количини на храна и лекови за сопствените потреби.
    • Навремено да обезбедат доволно храна и неопходни лекови за домашните животни.
    • Да имаат обезбедено телефонски врски – по можност мобилни.
    • Да внимаваат на покривите – во случај на обилни врнежи од влажен снег и истите навреме да ги чистат.
    • Навремено да информираат за настанати непогоди – несреќи.
    • Редовно да ги чистат дворните места и да обезбедат нужна комуникација во населеното место.
    • До колку не е крајно неопходно, да не го напуштаат населеното место со моторните возила, трактори и други превозни средства.

    Поради интензивните врнежи од снег, ниските температури и појавата на голомразица, на територијата на општина Крива Паланка деновиве континуирано се работеше на расчистување на снежните наноси на улиците, тротоарите, пешачките патеки, улиците кон приградските населби и главните локални патишта како и до руралните средини на територијата на општината.

    Расчистувањето се врши од страна на екипите на  ЈП „Комуналец“ во координација со лицата од општинската администрација, задолжени за зимско оддржување. Во текот на вчерашниот и денешниот ден е ангажирана и дополнителна механизација за расчистување на улиците и патните правци кон руралните средини.

    За зимското оддржување на патиштата и улиците, во последните три дена, вкупно се употребени над 30м3 абразивен материјал (сол и ризла) и тоа низ населените места, на територија на целата општина.

    Расчистувањето на снегот ќе продолжи и во наредните денови, а од службите апелираат до сите граѓани да го исчистат пристапот пред нивните домови, а сопствениците на дуќаните да постапат согласно законот и да го расчистат снегот пред нивните објекти. Исто така до возачите се апелира своите моторни возила да ги дислоцираат од коловозите и тротоарските површини како би можело екипите непречено да интервенираат.

    Службите за чистење ќе работат спред планираната динамика и потреби на тренот, а дежурните екипи ќе бидат активни непрекинато во текот на 24 часа.

     

     


    Со средства обезбедени преку Министерството за финансии, како грант од Европска Унија за подобрување на рурална инфраструктура, Општина Крива Паланка ќе постави фотоволтаични инсталации на три кровни конструкции и тоа: ООУ Јоаким Крчовски, ООУ Илинден и СОУ Ѓорче Петров со вкупна моќност од околу 70KW. 

    Вкупниот грант на национално ниво за 36 општини е 15, 5 милиони евра и дополнителни 5 милиони евра како кофинасирање од страна на Владата на Р.Македонија.

    Со ова значително ќе се намали потрошувачката на електрична енергија, а со тоа и финасиските средства за оваа намена. Истовремено со овој проект ќе се зголеми искористеноста на енергија од алтернативни извори согласно стратешките определби на владата за зголемување на искористеност на енергија од други извори и заштита на животната средина.


    Пoчитувани сограѓани,

    Ве известуваме дека во недела на 6-ти јануари, Oпштина Крива Паланка традиционално ќе го организира прославувањето на големиот христијански празник Бадник на централниот градски плоштад  со почеток од  12.00 до 14.00 часот. Кум на овогодишната прослава ќе биде министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

    Прославувањето на Бадник ќе биде во духот на христијанската традиција со славска посна трпеза, осветени лепчиња со паричка, делење на топла ракија и чај и бадникарски гранчиња.

    Општина Крива Паланка  Ве поканува  да бидете присутни на градскиот плоштад и заеднички, сплотени и со радост да го прославиме овој убав ден-Бадник, во пресрет на Христовото раѓање-Божиќ.

    Поради зголеменото загадување на воздухот и негативните последиците по животната средина, и оваа година Општина Крива Паланка, ќе се воздржи од палење на бадникарски оган на градскиот плоштад, и во исто време упатува апел и ги замолува  сите наши сограѓани  да го избегнат палењето на оган при организирање на маалските собири и прослави.


    Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски ги посети  дежурните служби кои работат со дваесетичетиричасовно работно време во областа на безбедноста и заштитата на граѓаните и им врачи пригодни подароци, технички апарати од општината во знак на внимание за посветеноста и ангажманот.

    Пред новогодишната ноќ тој заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, претседателката на Совет, Изабела Павловска и претставници на општинската администрација ги посети ПС при РЦ Исток, ПС при РЦ Север, Царинска служба ГП Деве Баир, ПС ОН Крива Паланка, ТППЕ Крива Паланка и службите на Брза помош во рамки на Здравствен дом Крива Паланка.

    Сите се заблагодарија на локалната самоуправа за постојаната поддршка, континуираниот пристап на добра соработка и координација, посакувајќи успешна работа и успеси на приватен и професионален план на сите граѓани.
     

    Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, со претседателката на Советот, Изабела Павловска  и оваа година доделија награди на најуспешниот пожарникар и полициски службеник во општина Крива Паланка за минатата година.

    Наградата за најуспешен пожарникар од кривопланечката  територијална противпожарна единица  ја доби Сашо Јакимовски, а наградата за најдобар полицаец за 2018 година ја доби Сашко Станковски.

    -Општината продолжува и оваа година да ги наградува поединците од службите кои го носат најголемиот терет во справувањето на интервентни, брзи и хумани акции и ситуации. Знаеме дека ниедна награда или признание неможе во целост  да го валоризира и награди вложениот труд и професионално залагање во извршување на вашите работни задачи, но сепак со цел да го подигнеме нивото на почитување на вашите резултати од страна на локалната заедница и да ги поттикнеме сите други службеници и колективот  и да им дадеме стимул за што поефикасно и ефективно извршување на работните обврски, ја воведовме оваа активност за препознавање и наградување на најуспешните слижбеници од овие служби, изјави градоначалникот Мицевски.

    Најдобриот полицаец и пожарникар добија плакета од општина Крива Паланка, благодарница и пригоден подарок.


    Во деновите од викендот најмладите жители на Крива Паланка, но и сите кривопаланчани  уживаа во музички хепенинг, кој се одржа на централниот градски плоштад, а го приредија дечињата од основните и средното општинско училиште од градот.

    Кореографии на популарни детски рефрени, изведба на новогодишни композиции, музицирање и вокално-инструментслни перформанси, беа дел од богатата и весела програма која го привлече вниманието на публиката.

    Настанот го разубави и посетата на Дедо Mраз кој пристигна на пладне и ги израдува дечињата, а вниманието на публиката го привлече главниот гостин на програмата, популарниот пејач Влатко Лозаноски.

    Овој празничен настан претставува заокружување на новогодишната културна програма во организација на локалната самоуправа и  институциите од областа на културата, која започна во четврток ,27 декември, кога премиерно беше изведен фестивалот на детска песна „Распеано симитче” 2018 во организација на Центарот за аудиовизуелни уметности од градот.

     

     





    Здружението спортски риболовен клуб Мрена од Крива Паланка, изврши порибување на Крива Река во централното градско подрачје на Крива Паланка. Порибувањето е извршено со автохтона пастрмка во количина од 51 килограм или вкупно околу 7500 парчиња на подмладок. Порибувањето е во согласност со годишната програма на здружението и истото е поддржано со финансиски средства на ЕМК ДООЕЛ Мали хидроелектрани Скопје.
     
     

    Големина на фонт
    Контраст