logo
  • Видео Информации

    • Осогово – планина која плени со својата убавина
      Осогово – планина која плени со својата убавина
    • Една година отворена општина – Една година за граѓаните на Крива Паланка
      Една година отворена општина – Една година за граѓаните на Крива Паланка
    • Меѓународен фолклорен фестивал Свети Јоаким Осоговски 2018
      Меѓународен фолклорен фестивал Свети Јоаким Осоговски 2018
    • Интензивирање на инвестициите и можностите за бизнис заедницата во Крива Паланка
      Интензивирање на инвестициите и можностите за бизнис заедницата во Крива Паланка
  • Видео пренос од седници на Совет

    • 21.седница на Совет на Општина Крива Паланка
    • 20.седница на Совет на Општина Крива Паланка
      20.седница на Совет на Општина Крива Паланка
    • 19. седница на Совет на Општина Крива Паланка
    • 18. седница на Совет на Општина Крива Паланка
      18. седница на Совет на Општина Крива Паланка
  • Врз основа на Правилникот за условите, критериумите и правилата за субвенциониран превоз на студенти кои студираат на Државните Универзитети во Штип и Скопје („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.15/2017  од 28.12.2017 година) Општина Крива Паланка објавува

    КОНКУРС
    ЗА СУБВЕНЦИОНИРАН ПРЕВОЗ НА СТУДЕНТИ КОИ СТУДИРААТ НА ДРЖАВНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ ВО ШТИП И СКОПЈЕ, А СЕ ЖИТЕЛИ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

     Општина Крива Паланка за 2018 година субвенционира превоз на

    • 10 (десет) студенти кои студираат на Државните Универзитети во Штип и Скопје во Република Македонија
    • Субвенционирањето е со два повратни месечни билети со превоз од АДПТУТ „Пролетер“ АД с. Конопница Крива Паланка

    Услови за доделување на субвенции

    Право на субвенција имаат студентите кои се запишани на Државните Универзитети во Штип и Скопје во Република Македонија и ги исполнуваат следните услови:

    – Општи услови за студенти :

    1. да се жители на општина Крива Паланка
    2. да се редовни студенти
    3. да не повторувале година во текот на студирањето
    4. да се државјани на Република Македонија
    5. во предвид ќе бидат земени апликациите на студенти деца на самохран родител, студенти деца на невработени родители, студенти деца без родители и родителска грижа, студенти деца со посебни потреби и студенти деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини за кои вкупните приходи во семејството се под нето минималната плата утврдена во Република Македонија
    6. да не се постари од 25 години

    Критериуми за доделување на субвенции се

    1. Постигнат успех од претходните студиски години од најмалку 8,5
    2. Материјални можности на студентите  и нивното потесно семејство

    Потребни документи за учество на конкурсот

    (Потребни обрасци)

    1. Евидентен лист пополнет од апликантите до комисијата
    2. Потврда за редовен студент
    3. Уверение со број на предвидени и  положени испити од претходни години
    4.  Потврда од плата/чек од пензија за татко/мајка или старател за исплатена плата за последни три месеца, за невработените потврда од Агенција за вработување на Република Македонија дека се невработени или примат/не примат паричен надоместок, додека за другите членови на семејството брат/сестра доколку се ученици или студенти потврда од училиште или факултет
    5. Документ за кандидати-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се категоризирани како лица со посебни потреби
    6. Изјава за семејна положба
    7. Изјава за точни податоци во приложена документација
    8. Изјава за користење на лични податоци
    9. Копија од државјанство на РМ

    Место и рок на поднесување на документи

    Потребните документи се доставуваат до Општина Крива Паланка

    Рокот на поднесување на документи е 01.02.2018 до 28.02.2018 година

    • При поднесување на документи кандидатите потребно е со себе да носат и индекс.
    • Потребните обрасци може да се набават во Општина Крива Паланка или на веб страницата на општината www.krivapalanka.gov.mk
    • Некомплетни ненавремено доставени документи и документите доставени по пошта нема да се разгледуваат.
    • Резултатите ќе бидат објавени во рок од 8 (осум) дена од денот на завршување на конкурсот
    • Резултатите ќе бидат објавени на огласна табла во општина Крива Паланка и на веб страната на општината www.krivapalanka.gov.mk
    • Незадоволните кандидати имат право на приговор во рок од 3 (три) дена од денот на објавувањето на резултатите.
    • Поблиски информации може да се добијат директно во канцеларијата на комисијата или на телефон 031/372-130  076/337-446   070/607-543.

               ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
    Градоначалник
    Борјанчо Мицевски


    Младите франкофони од ООУ „Јоаким Крчовски”, СОУ „Ѓорче Петров” и ООУ „Илинден” од Крива Паланка  со нивните професорки по француски јазик, Ве покануваат заедно да го прославиме месецот на Франкофонијата и Меѓународниот ден на Франкофонијата. По тој повод во Центарот за култура во Крива Паланка, а со поддршка на Францускиот институт од Скопје, тие организираат франкофонски настани со почеток во 19 часот и тоа:
    – На 25 март 2019 година – Проекција на францускиот филм “MAESTRO”,
    – На 26 март 2019 година – ФРАНКОФОНСКА ВЕЧЕР
     
     
     
     
     
     
     
     
     

    Традиционално по десетти пат, оваа година се одржа културната манифестација „Невистинско поклонение на Свети Тeодор Тирон’’ во кривопаланечкото село Конопница.

    Оваа несекојдневна манифестација се оддржува под покровителство на Општина Крива Паланка, месната заедница на село Конопница, НУ Центар за култура и ЛУ Градски музеј,  заедно со Македонска православна црква-Кумановско-осоговска епархија.  

    Оваа година гости на манифестацијата беа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, градоначалниците на општина Кратово д-р Љупчо Бојаџиев, на општина Ранковце, Ивица Тошевски, и на општина Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска, претседателот на Советот на општина Крива Паланка, Изабела Павловска и на Советот на општина Куманово, Атина Мургашанска, како и претставници од Советите на општините Трговиште и Босилиград од Р.Србија.

    Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, како покровител на манифестацијата ги поздрави бројните гости и се заблагодари на директните учеснички за нивниот допринос и рече дека тие се украс на оваа манифестација. Во оваа прилика, тој им посака мир и слога во семејството, разбирање и љубов, не само кон сопругот, туку и кон свекрвите, зошто тие се значаен чинител, како во семејството, така и во бракот како институција.

    -Ви посакувам мирни брачни води, а пред се здраво и долговечно поколение, рече градоначалникот Мицевски.

    Оваа манифестација, со текот на годините, прерасна во своевиден бренд на с. Конопница, на општина Крива Паланка и поширокиот регион. Оваа година за прв пат на манифестацијата учествуваа и пар снаа-свекрва од Пијанечко- малешевската свадба, како и пар од Босилеград-Р. Србија.

    Во изминатите десет години вкупно учествувале приближно околу сто невести учеснички, што е доволен показател дека културната манифестација „Невистинско поклонение на Свети Тодор Тирон’’ преминува во масовна традиција и вистински туристички бренд и значајно традиционално културно  обележје на градот Крива Паланка и белег на село Конопница.


    Изминатиот викенд Карате клубот „Шампион“ од Крива Паланка настапи на силниот меѓународен карате турнир „Никон Опен  2019“ кој се одржа во Софија, Република Бугарија. На турнирот земаа учество  над 1 100 натпреварувачи од 22 земји и преставува еден од најсилните турнири во Европа. Kлубот „Шампион“ настапи со четворица  свои натпреварувачи и тоа  Вукашин Јовановиќ до 45 кг, Владимир Максимовски категорија над 55 килограми, Јована Мицовска во категорија до 55 кг и Ерика Стевановска во категорија до 42 кг.

    Вукашин Јовановиќ во силна конкуренција над  30 натпреварувачи во својата категорија со четири победи  го освои златниот медал и по вторпат се качи на тронот во својата категорија.  Вукашин Јовановиќ го освои златниот медал и на минатогодишниот турнир.

    Добар настап имаа и другите натпреварувачи  Владимир Максимовски и Ерика Стевановска кои се бореа за бронзените медали  во своите категории,  но за жал ги изгубија клучните мечеви со минимална разлика. Јована Мицовска  во исклучително силна кадетска конкуренција после забележани две победи во полуфиналето беше запрена од натпреварувачката на Унгарија со минамален пораз од 2-0 и изостана борбата за медал.

    Тренерите на клубот во целост се задоволни од настапот на нашите  каратисти кои уште еднаш докажаа  дека високо котираат на меѓународната карате сцена.

    Се планира настап на уште неколку карате турнири во земјата и странство,  а главна цел ќе биде Државото првенство во карате кое ќе се одржи во  мај месец оваа година и е изборно за настапот на државната репрезентација на претстојното Балканско првенство.

     


    Проектот „Цело е кога има се“,  произлезен од Програмата  „Oпштинско корисна работа за 2018 година“  која е подржана од УНДП -Програма за развој при ОН,  МТСП,   АВРМ   и Општина Крива Паланка,  успешно се спроведува во изминатите месеци на подрачјето на општината.

    Во проектот се ангажирани – негователи на стари и изнемоштени лица, образовни асистенти за лица со попреченост ,  масери- лица со оштетен вид и еден дипломиран социјален работник.

    -Оваа мултисегментарна и сеопфатна програма за првпат вклучи ваков профил на сите три типа лица, млади-невработени лица активни баратели на работа, во разновидни активности со различни квалификации, со кои се направи комплетна инклузија и на корисниците од проектот и на давателите на услуги, истакна координаторот на проектот, Елена Христовска, од Одделението за локален економски развој при општина Крива Паланка.

    Со проектот во основно и средно образование во градот се вклучени седум образовни асистенти за деца со пречки во развојот кои се дел од редовниот процес на образование.

    Асистентите се присутни за време на часовите со учениците со попреченост,  им помагаат  во изработка на нивните училишни и домашни задачи, ги охрабруваат да се трудат да постигнат што повеќе во наставата,  ги дополнуваат наставниците и професорите кои што треба да работат со овие деца. Овие асистенти ќе бидат вклучени девет месеци, а отпочнаа со почетокот на учебната 2018/2019 година. Иако се ангажирани со скратено работно време по 4 часа дневно, нивниот придонес е повеќе од очигледен, децата се привикнаа на нивната помош, но и дружење, внимание и љубов, што е полн погодок за охрабрување на лицата со попреченост и нивното комплетно вклучување во секојдневието.

    Според психологот во ООУ  „Илинден”, Снежана Јакимовска, асистентите се помош и поддршка и на децата – корисници, и на семејствата, но и на службата психолог, бидејќи многу се работи и е важно психолошки да бидат спремни и наставниците од одделенска и предметна настава за вклучување на сите лица со попреченост во редовната настава, понатаму и на родителите, семејството во целост, па и на сите вклучени, а асистентите ги надополнуваат сите тие неопходни сегменти и носат промени, видливи во заедницата.

    – Образовните асистенти се одлично прифатени, се поврзаа со децата, а децата пак,се приврзана со нив. Некои од децата имаат умерени попречености, некои различни дијагнози, од аутизам, до дислексија, а сите, буквално сите, покажаа позитивни резултати, од почетокот до денес. Некои од нив не сакаат да одат на настава доколку тој ден асистентот не е присутен, што покажува колку се искрени во срцата, дека секое дете, а и секој човек сака подадена рака, мал чекор за исчекор, мала помош, за голема радост, рече Јакимовска.

    Исто така со проектот е ангажиран и социјален работник во Дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост со доплонителни активности од 4 часа дневно.

    Јулијана Јакимовска е социјалниот работник кој веќе шест месеци се дружи и работи со корисниците од центарот. Таа потенцира дека првите денови и било тешко, можеби повеќе нејзе, отколку на корисниците, зашто, вели, оддеднаш се среќаваш со различни генерации лица, со различни попречености, а сите, со една единствена желба, да им се пружи внимание и да им се подаде рака на поддршка.

    – Работиме музико-терапија, свириме, пееме, играме, физички ги ангажирам лицата, во склоп на центарот, правиме креативни работилници, разговараме. Се навикнавме едни на други, ги засакав сите на свој начин, посебни се, многу искрени, среќна сум што им внесовме ведрина и промена во секојдневието благодарение на проектот. Задоволство е да се работи ваква благородна работа иако ова ми беше прво искуство од ваков тип, рече Јулијана.

    Она што е специфично и несекојдневно во проектот е вклученоста на физиотерапевт-масер за стари лица на кои им е потребна релаксирачка масажа, лице со оштетен вид.

    Игор Ѓоргиевски, лице со целосно  оштетен вид, беше ангажиран како масер- физиотерапевт благодарение на сертификатот со кој се стекнал преку обука преку АВРМ во 2016 година.

    – Во згрижувачкото семејство во кое престојував чичко Коста ми помогна да го научам материјалот, ми ги читаше и снимаше лекциите, научив и полагав теорија, бев на пракса во геријатрија, минав четиримесечна едукација и обука во училиштето за слепи и слабовидни во Скопје, по што положив за масер- физиотерапевт. Поминав обука и за негователи и многу ми значи што можам да бидам корисен за себе, финансиски, а и за другите. Многу сум среќен за можноста која ми се пружи и би сакал повторно да работам, не само на проект, туку и постојано. Одлично се снаоѓам во просторот, набавивме со чичко Коста и монтажен стол за масажа, така што, спремен сум да давам услуги во доменот на физиотерапевт- масер, рече Ѓоргиевски.

    Скепса постоела кај дел од корисниците, но, вели координаторката Христовска, истата исчезнала по првата масажа, зашто одлично си ја познава и врши работата.

    Во проектот се вклучени и четири негователи на стари и изнемоштени лица над 62 годишна и 65 годишна возраст кои еднаш во неделата ги посетуваат лицата, што најчесто живеат во руралните средини и се сами.

    Баба Љуба од селото Конопница има 85 години, а нејзините две ќерки живеат во Скопје. Сама е и вели, многу и е важно барем некој да затропа на вратата на нејзината куќа, некогаш исполнета со внуци, сега празна.

    -Едвај чекам да ме посетат моите, јас ги викам- ќерки. Тие ми се единствените посетители во текот на неделата. Немам ни соседи, најблиските се на повеќе од еден километар, а мене не ме служат нозете, само можам да ги вршам домашните работи. Тие ме расположуваат, ми мерат шеќер во крв и притисок, ми носат ако немам месечна терапија лекови,  дрва ми качуваат. Многу ги засакав и сакам да може да доаѓаат почесто, вели баба Љуба.

    Ангажманот на дел од лицата во проектот веќе е завршен, дел од нив продолжуваат до крајот на учебната 2018/19 година, а одговорните, согласно потребите произлезени од досегашните искуства, веќе прават подготовки за повторно аплицирање за спроведување на ист вид активности веќе од септември.


    Денес во галерискиот простор на НУ Центар за култура во Крива Паланка беше отворена изложба на слики од младата авторка Маја Андонова Јокиќ, со наслов „Обоена љубов“.

    Ова е трета по ред самостојна изложба на авторката работена во акрил на платно, а поставката на слики именувана како „Обоена љубов“ од  денес и во наредните десетина дена ќе биде претставена пред кривопланечката ликовна публика.

    На отварањето на изложбата на слики, директорката на НУ Центар за култура, Мира Георгиевска рече дека, иако авторката Маја по професија е диппломиран економист, таа има голем талент и уште поголема љубов кон ликовната уметност и таа љубов  успешно ја преточила во реализација на педесетина слики преку кои се релизира  во нејзиниот нагласен уметнички момент.

    Благодарност до младата авторка  упати и градоначалникот Борјанчо Мицевски, кој воедно се заблагодари на Маја затоа што нејзините дела,  овие десетина дена ќе ни го збогатат градот и нашето секојдневие со љубов и убавина.

    „Верувам дека човекот е најсреќен кога го работи она што го сака. Ако тоа што го љуби може да го реализира, тогаш не е битно колку се вложува и колку трае процесот. Јас овде говорам за моето сликање, за сликарството. Знам така со четките и боите да заглавам до раните утрински часови и после да станам одморна и расположена. И така да тргнам на работа. Без оглед колку и да се вложам во сликата, таа енергија мене ме полни“, изјави авторката Маја Андонова – Јокиќ.

    На  бројната млада публика авторката пренесе и убава порака:

    „Не престанувајте да сонувате, затоа што животот е за сонување и кога ќе станете возрасни продолжете да сонувате затоа што соновите се остваруваат. Мојот сон од детството е да сликам и откако знам за себе сакав да сликам. Можеби животниот пат ќе ве однесе во еден или друг правец, но тоа што нависина го сонувате и сакате правете го од срце и душа и никогаш нема да погрешите. Едноставно најдете начин и време да го реализирате она што ве прави среќни, а кога сте среќни, тогаш сте и задоволни и исполнети.“

    Авторката Маја Андонова Јокиќ е родена на 4 мај 1980 година во Скопје, а  по професија е економист  чија пасија и љубов е сликарството.


    Се  известуваат граѓаните на општина Крива Паланка да не вршат палење на оган на отворен простор. Деновиве сме сведоци на зачестени пожари на отворен простор во нашата држава, кои во најголем дел се предизвикани од крајно невнимание  на несовесни граѓани со што се опожаруваат големи површини и воедно се причинува голема  материјална штета.

    Согласно Законот за земјоделско земјиште, Законот за шумите, Законот за ловство, Законот за заштита и спасување, Законот за отпад, Законот за амбиентален воздух, Законот за заштита на животната средина и природата, Законот за облигационите односи и многу други закони и подзаконски акти, предвидени се одредби дека секој граѓанин е должен да се однесува соодветно во животната средина, да преземе мерки за заштита од пожари на земјоделското земјиште, на шумите, на ловиштата, да jа заштити животната средина и природата, како и да го заштити амбиенталниот воздух од загадување.

    Согласно важечките закони за ваквите негативни појави  предвидени се големи казни. Глобата за предизвикување на пожар изнесува до 3000 евра во денарска противвредност, како  и покренување на постапка за сторено кривично дело.

    Доколку било кој се однесува спротивно на наведените закони и намерно или од крајно невнимание предизвика пожар со што ќе причини штета на физички или правни лица, должен е покрај глобата што ќе ја плати во прекршочната постапка, да ја надомести и предизвиканата штета.

    Според добиените информации од Територијалната противпожарена единица  во периодот од 21 февруари па се до 11 март имаат примено 15 дојави за  пожари  и тоа пожари на отворен простор. Опожарена е површина од 13 хектара.

    ПОРАДИ ТОА СЕ АПЕЛИРА ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ДА НЕ ПАЛАТ ОГАН НА ОТВОРЕН ПРОСТОР, ДА НЕ ГИ ПАЛАТ СТРНИШТАТА, ДА НЕ ПАЛАТ ОГАН ВО ШУМИ, ЛОВИШТА И НА ДРУГИТЕ ПОВРШИНИ СО КОЕ БИ СЕ ПРЕДИЗВИКАЛА МАТЕРИЈАЛНА КАКО И НЕНАДОМЕСТИВА ШТЕТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПРИРОДА.

    НАЈСТРОГО  СЕ ЗАБРАНУВА   ПАЛЕЊЕ НА  ОТПАДОТ  СОБЕРЕН ОД ЧИСТЕЊЕ НА ЛИВАДИ И   ДВОРОВИ  КАКО И ПАЛЕЊЕ НА РАЗНОВИДЕН КОМУНАЛЕН  ОТПАД.

     

                                                                                 Општина Крива Паланка

                                                               


    Продолжуваат градежните работи на дел од патот во село Трново кој води кон комплексот на црквата Св. Никола и одморалиштето „Трновски Ветар“.

    Во моментот со специјализирана механизација се спроведува кршење на карпите со цел проширување на овој пат, ублажување на свиоците и добивање на поголема прегледност, што  претставуваше сериозна потреба и неминовност.

    Во зависност од временските услови се очекува патот да биде расчистен во текот на наредните неколку дена. Во моментот  истиот е во прекин.

    По завршувањето на оваа активност следува тампонирање и асфалтирање на патот.


    На барање на Владата, Европската Унија обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20, 667 милиони евра.

    Програмата ја имплементира Министертвото за финасии, а истата е администрирана од страна на Светска банка. Во рамките на оваа програма се реализира проектот ,,Набавка на универзални ровокопачи-натоварувачи за потребите на руралните општини’’. Преку набавката на 10 (десет) ровокопачи, која е финасирана со средства од Европската Унија, ќе се придонесе кон зајакнување на капацитетите на општинските јавни претпријатија и покввалитетно оддржување на инфраструктурата во руралните области.

    Ровокопачите ќе бидат доделени на 10 општини, кои во група со уште по две општини, зеднички ќе можат истите да ги користат, односно вкупно 30 општини ќе бидат корисници на овој проект.

    Еден ровокопач е доделен на Општина Крива Паланка, кој заеднички ќе го користат и општините Ранковце и Кратово.


    Општината Крива Паланка во текот на изминатите две недели спроведе низа на активности во делот на ставање во функција на објектите за одведување на атмосферски води пред претстонјите пролетни дождови. Овие активности се втора фаза  од широката  акција   на  превентивни мерки за заштита од поплави која започна  да се реализира кон крајот на минатата година. Покрај  чистењето на отворените канали, канавки и регулации на долови се спроведува и  чистење на сливниците и  таложниците на улиците, кои се исполнети со абразивен материјал  од зимското одржување на улиците.

    Во оваa насока во соработка со ЈП Комуналец се спроведе чистење на регулацијата на долот во населба Единство, а се започна и со чистење на долот во населба Скрљава кое ќе продолжи во текот на оваа и наредната недела во зависност од временските услови. Со ангажирани работници за јавни работи се спроведе чистење на поголем дел од каналите во населба Грамаѓе и  Стара чаршија, а  се спроведува чистење на сливници, таложници и пропусти на сите улици во градското подрачје. Исто така со нивно ангажирање се чистат и одредени неуредени површини во урбаните и руралните населби.


    Граѓаните одлучуваат

    РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ ВО ЗАЕДНИЦАТА“

    3-та Форумска сесија 13.03.2019 г. (среда) во 12 часот

    ресторан ,,Грација,, населба Карпош, во Куманово

     

    Почитувани  граѓани,

    Североисточниот плански регион (СИПР) има чест и задоволство да ве покани на третата форумска сесија од регионалниот форум во заедницата, која ќе се одржи на 13.03.2019 година, во 12 часот во ресторан ,,Грација“ населба Карпош, во Куманово.

    Форумскиот процес се реализира од ЦРСИПР во соработка и партнерство  со Швајцарската аенција за развој и соработка  и Министерството за локална самоуправа, во рамки на нивниот  заеднички  проект  „Одржлив и инклузивен рамномерен  регионален развој”.

    СИПР  го реализира проектот „Регионални форуми во заедницата“, со цел цел да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на  регионално ниво, да се подобрат партнерствата помеѓу локални и регионални субјекти  и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на целата заедница.

    На 22.02.2019г. и на 01.03.2019г. се одржаа првата и втората форумска сесија од регионалниот форумски процес,  на кои  што граѓаните од Североисточниот плански регион имаа можност  во рамки на четирите теми согласно грантовата шема (туризам, животна средина, социјална инклузија и бизнис инфраструктура) да идентификуват и  дефинират  регионални (заеднички) проблеми, дискутираат  за проблемите и предлагаат решенија. На првата форумска сесија форумот одлучи да развива седум предлог концепти на решенија.  Седумте предлог концепти на решенија беа презентирани на втората форумска сесија, од кои форумот утврди шест согласно критериумите кои ќе бидат приоретизирани/гласани од учесниците на форумот на третата форумска сесија.

    Правото на глас во  овој форумски процес се стекнува со минимум учество на две форумски сесии.

    Форумскиот процес беше отворен за сите заинтерсирани граѓани од североисточниот плански регион (жителите на шесте општини од регионот: Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Кратово, Ранковце и Крива Паланка).

    Граѓание од СИПР  имаат можност директно да придонесат  за подобрување на социоекономската состојба во регионот, а со тоа  и самите  да влијаат  на подобрување на сопствениот живот.

     

                                                                                                       СИПР, Директор 

                                                                                                         Младен Протиќ


    Големина на фонт
    Контраст