Активирана е апликацијата за електронско пријавување на комунални проблеми

Dear All,

Ве информираме дека на официјалната веб страна на Општина Крива Паланка е активирана  веб апликацијата E-Municipality – Report a Problem.

 

 
Апликацијата е модерна алатка која  им овозможува  на граѓаните  да ја известат општината за различните проблеми поврзани со обезбедувањето на општинските услуги кои се однесуваат на комунални работи. Системот овозможува во секое време од денот, седум дена во неделата, преку интернет порталот на општината, граѓанинот да може да пријави комунален проблем кој општинските служби ќе се обидат да го решат во најкраток можен рок.
 
Можат да се пријават проблеми поврзани со улично осветлување, улици, патишта и тротоари, објекти склони кон рушење, урбана опрема, градба и дива градба, животна средина, отпад, кучиња скитници, јавно зеленило, гробишта, водовод и канализација и сообраќајна сигнализација.
 
За возврат, општината ќе може да постигне значителни резултати во подобрувањето на ефикасноста на своите услуги и така значително да го зголеми задоволството на граѓаните.

Проектот се работи со подршка на УСАИД Проект за локална самоуправа.

MUNICIPALITY OF CURVE PALACE

 

Font size
Contrast