logo
  • Видео Информации

  • На ден  04.10.2017 година со почеток во 11.00 часот се одржа обука на  тема „Искуства“ од страна на секретарот Дарко Пешевски на ОО „Црвен Крст“ Крива Планка, предвидена во рамки на активностите по проектот „Грижа за стари лица“ произлезен од Програмата за општинско корисна работа.

    Проектот „Грижа за стари лица“ е  во рамки на Програмата за општинско-корисна работа, а е подржан од Организацијата за развој на Обединетите нации- УНДП,  Агенцијата за вработување на Република Македонија и Министерствотот за труд и социјална политика.

    Проектот е финансиран од страна на Организацијата за развој на  Обединетите нации- УНДП, а Општина Крива Паланка е носител на проектот и учествува со сопствени средства за да може проектот целосно да се реализира.

    Проектот оваа година ќе се реализира по вторпат на територија на Општина Крива Паланка и ќе бидат вклучени 15 лица, а ќе бидат опфатени 130 корисници односно тоа се стари и изнемоштени лица во 9 (девет) рурални населби Жидилово, Узем, Костур, Станци, Конопница, Мождивњак, Тлминци и Длабочица.

     


    По повод 5-ти Октомври светскиот ден на учителот, градоначалникот на општина Крива Паланка г.Арсенчо Алексовски упати честитка до училиштата, градинката и домот за ученици во Крива Паланка.

    Почитувани,

    Чест ми е да Ви го честитам Светскиот ден на учителот 5-ти Октомври, и да Ви посакам уште поголем успех и дострели во доменот на Вашето работење.

    Вашата основна задача, во современото сфаќање на наставата, е насочување на учениците во учењето, преку давање на знаења, но истовремено, Вие сте и истражувач, иноватор на наставниот процес и наставните содржини и самостојната работа. Вие го оценувате и ангажаманот и знаењето на учениците.

    Со едукација на учениците и Вашата работа, Вие допринесувате учениците да станат полни со знаење и умеење и сте нашиот основен линк и алатка со која ќе го градиме општеството. Вие ги подготвувате и настојувате да бидат спремни за да нашата земја Република Македонија, има уште подобри и поуспешни кадри, кои ќе се вградат во општествените и други збиднувања во Локалната самоуправа и државните органи, кои ќе придонесат таа да биде уште побогата,  понапредна и поубава земја, земја за пример на целиот свет.

    Вашата благородна професија го едуцира населението, почнувајки од најмали нозе и го опремува човекот за „патот“ низ животот. Вашата света должност е да го продолжите процесот што со векови успешно се остварува на македонската почва и со тоа да ја означите перспективата на прогрес заснован на знаење, да дадете визија на секоја млада единка за успешна лична и општествена иднина.

    Со искрени желби и честитки!

    Градоначалник,
    Арсенчо Алексовски

     


    Општина Крива Паланка денеска  го означи официјалниот почеток на проектот „Грижа за стари лица“. На самиот почеток, Градоначалникот на општина Крива Паланка, г.Арсенчо Алексовски и координаторот на проектот Елена Христовска  им посакаа успешна работа на ангажираните лица. Покрај официјалниот почеток на проектот  се одржа и воведна обука за ангажираните лица од страна на стручни лица, доктор од Брза помош и медицинска сестра која работи во лабароторија за дијабет од Медицинскиот центар. Воведна обука за пристапот кон старите лица одржаа и претставник од општинската администрација и претставник од ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи.

    Во текот на неделата е предвидена уште една обука од страна на Општинската организација на Црвениот крст за ангажираните лица и веднаш потоа лицата ќе излезат на терен за посета и давање на социјални услуги на крајните корисници.

    Проектот „Грижа за стари лица“ е  во рамки на Програмата Општинско-корисна работа, а е подржан од Организацијата за развој на Обединетите нации- УНДП,  Агенцијата за вработување на Република Македонија и Министерствотот за труд и социјална политика.

    Проектот е финансиран од страна на Организацијата за развој на  Обединетите нации- УНДП, а   Општина Крива Паланка е носител на проектот и учествува со сопствени средства за да може проектот целосно да се реализира.

    Проектот оваа година ќе се реализира по вторпат на територија на Општина Крива Паланка и ќе бидат вклучени 15 лица, а ќе бидат опфатени 130 корисници односно тоа се стари и изнемоштени лица во 9 (девет) рурални населби Жидилово, Узем, Костур, Станци, Конопница, Мождивњак, Тлминци и Длабочица. Списокот на корисниците не е затворен може да се надополнува ако некој сака да биде опфатен со услугите.

    Проектот започнува  од 1 октомвири 2017, а ќе трае до 31 март 2018 година

    Ангажираните лица ќе даваат социјални услуги во домашни услови по 20 часа неделно од типот мерење на крвен притисок, мерење на шеќер во крвта, физиотерапевтска масажа за заинтересираните корисници, психолошка подршка, услуги од прехрамбената струка и многу други услуги кои се предвидени во рамки на проектот.

    https://www.youtube.com/watch?v=4kB4NY-ZnII&feature=youtu.be

     

     

     


    Записник за извршено ждребовање за лепење на изборни плакати и друг промотивен материјал за локалните избори закажани за 15.10.2017.


    Во текот на изминатите денови беше асфалтиран дел од улицата Ратко Минев во должина од 115 метри и просечна ширина од 3.8 метри. Исто така извршено е и санирање на оштетени асфалтни површини (крпење на ударни дупки) на улица 17 Македонска бригада со вкупна површина од 80 м2.


    Согласно со т.2 од „Условите за добивање на места на кои може да се истакнуваат изборни плакати“ објавени на Веб страната на општина Крива Паланка на  10.08.2017 год., се известуваат подносителите на листи дека ждрепката за редоследот на местата ќе биде спроведена на ден 22.09.2017 год во 13,оо часот.

    Се повикуваат заинтересираните подносители на листи да достават барање и соодветно овластување (полномоштво) за учесниците во жребувањето до архивата на општина Крива Паланка, најдоцна до 12,оо часот на 22.09.2017 год.

    Ждребувањето ќе биде спроведено од страна на Комисија од вработени лица во простории на Општина Крива Паланка и за истото ќе биде изготвен соодветен записник потпишан од членовите на Комисијата и овластените представници.

    Известувањето ќе биде објавено на Веб страната на општина Крива Паланка.

                                                                                   

    Од Комисијата за извлекување на ждрепка

     


    Почитувани сограѓани,

    Ве известуваме дека на ден 21.09.2017 година ( четврток ) на православниот празник „Мала Богородица“  во 12.00 часот во организација на МПЦ ќе биде извршено осветување на малата црквичка-параклис пред објектот на Општина Крива Паланка. Осветувањето ќе биде извршено од страна на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот кумановски и осоговски г.д-р Јосиф. Малата црква – параклис ќе го носите името „Христово крштевање – Богојавление“.

    Се покануваат сите граѓани на Крива Паланка да земат учество на свечениот чин на осветување.

    Со почит.


    Изминативе неколку вечери кривопаланечката публика имаше можност да ужива во репертоарот, односно прекрасните изведби на театарските уметници од  Србија, Хрватска, Бугарија и Македонија. На сцената на Центарот за култура беа одиграни претставите „Аналфабет“ на Народниот театар од Охрид, „Ама, тоа семејство“ на Општинскиот народен театар „Невена Коканова“ од Дупница, „9“ од Народниот театар  од  Нови Сад, „Риалити пресметка“ во изведба на Уметничка работилница „Призор“ од Белград, потоа следуваше претставата на Градскиот театар „Јоза Ивакиќ“ од Винковци „Во бабино гнездо“, како и „Синиот портокал“ на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес.

    Восхитот, долгиот аплауз и преполната сала се потврда за квалитетните изведби, добриот избор на овогодинешната театарска програма, како и зголемениот интерес на кривопаланечката публика.

    Во рамки на пропратниот дел од фестивалската програма беа промовирани и две книжевни изданија и тоа на авторот Симон Грабовац неговата книга поезија „Истиот“ и изданието „Креативна Бурулеска“, книга поезија на младата авторка Јоана Шишкова, чиј промотор беше овогодинешниот лауреат Гоце Ристовски.

    Вечерва на репертоарот следува претставата „Мушичка“ во изведба на виртуозните глумци од Народниот театар од Лесковац, Р.Србија.


    Во понеделник 18.09.2017 во ЛУ Градски музеј беше промовирана стихозбирката „Креативна Бурлеска“ од Јоана Шишкова во рамките на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.  На промоцијата  присустваа најголемите имиња на македонскиот театар и балет Милица Стојанова и Зоица Пуровска – Велевска.

     


    Во сабота на 16.09.2017 беше промовирана стихозбирката „Истиот“ од Симон Грабовац. Настанот е дел од програмата на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.