logo
  • Видео Информации

  • 13882506_1140809192655680_1439346385896916490_n

    На платото пред ЛУ Градски музеј Крива Паланка синоќа се одржа поетската манифестација „Лирски треперења“. На манифестацијата учествуваа книжевниот клуб од Вршац, Р.Србија, Народно читалиште од Дупница, Р.Бугарија и клубот на читателите при НУ Центар за култура од Крива Паланка.


    ^0E656732E81EFBC4E242614FAED2919AC318F5A7CD86E6B18A^pimgpsh_fullsize_distr (Medium)

    Општина Крива Паланка ги реализира завршните градежни активности  околу изградба на локалниот пат Варовиште -Манастир Свети Јоаким Осоговски кој е во должина од 2 км 163  метри.

    Патот е со ширина од 4 метри ,а на еден дел е изработена асфална ригола со ширина од 75 см. На дел од патот одводнувањето е решено со поставување на дренажани цевки. Заради подобро функционирање на патот  коловозот на некои места е проширен за 2 метри. Останува  да се заврши поставување на заштитна челична ограда и мрежа за заштита  од одрони.

    Општина Крива Паланка ги известува граѓаните дека патот не е отворен за сообраќај и дека е забрането движењето по него за сите видови сообраќај.

    Изведувача на градежните работи е градежната фирма  „Цвет“ од Скопје.

    ^0E656732E81EFBC4E242614FAED2919AC318F5A7CD86E6B18A^pimgpsh_fullsize_distr (Medium) ^586C830E781C2545105782FD865E090432FC325D186AB2155E^pimgpsh_fullsize_distr (Medium) ^5062CC353FE07D008519FD734AC1EC0BE880FD7203DB38C58F^pimgpsh_fullsize_distr (Medium) ^124290189A79A796CB1D4D1AF2D16F4A756B2AD9D79A6AB96B^pimgpsh_fullsize_distr (Medium) ^DB535E577F34560B7E6E7760A6B094A8C26A00185455A18EF1^pimgpsh_fullsize_distr (Medium) ^EFBC51C4FA6EDA09210F1C306EAA89E2A5CDD60B6CA45AF9A4^pimgpsh_fullsize_distr (Medium)


    skopski_duvacki_kvintet

    Во петок на 29.07.2016, на плоштадот Карпошово востание, со почеток во 20.00 часот, Скопскиот дувачки квинтет ќе одржи концерт во рамките на манифестацијата „Топол културен бран“ 2016.

    skopski_duvacki_kvintet


    13735808_1331648643530687_5919830919191174625_o

    Во рамките на манифестацијата „Топол културен бран“ 2016, во петок на 22.07.2016,  КУЗ „Фолклористи“  одржаа целовечерен концерт на централниот градски плоштад во Крива Паланка.

     

     


    joy_fest_2016

    joy_fest_2016


    lirski_treperenja2016

    Во рамки на манифестацијата „Топол културен бран“, во среда на 27.07.2016, ќе се одржи поетско читање на платото пред Градски музеј (наместо пред манастирот Свети Јоаким Осоговски).

    Настанот насловен како „Лирски треперења“ е со почеток во 19 часот, а учество ќе земат книжевниот клуб од Вршац, Р.Србија, Народно читалиште од Дупница, Р.Бугарија и клубот на читателите при НУ Центар за култура од Крива Паланка.

    lirski_treperenja2016


    plakat_topol_kulturen_bran_2016

    Општина Крива Паланка во соработка со НУ Центар за култура и Градски музеј ја организира манифестацијата Топол културен бран 2016. Манифестацијата е финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

    plakat_topol_kulturen_bran_2016


    soopstenie

    По повод неодамна одржаната велосипедска трка во рамки на државното првенство на Македонија во друмско возење, одржана на ден 26.06.2016 година, во чија што организација Општина Крива Паланка активно беше вклучена, Велосипедскиот клуб ВЕЛО –М од Куманово, во својство на технички организатор на трката достави информација за одржаната велосипедска трка.

    Во писмото покрај информациите за одржаната трка беше изразена благодарност до Општина Крива Паланка за соработката во организирањето на трката, а упатен е и  предлог следната трка 2017 година да започне и да заврши во Општина Крива Паланка.

    Информација за одржана велосипедска трка Државно првенство -друмско возење


    13710600_1041499419266096_4040116129812045632_o

    Во завршна фаза е изградбата на улица во село Жидилово која се гради со финансиски средства од АФПЗРР. Улицата е со должина од 1 километар и го опфаќа најнаселениот дел во село Жидилово. Улицата ќе има два слоја на асфалт, од кои првиот со дебелина од 7 сантиметри, а вториот 5 сантиметри и ширина на  коловоз од 3,5 метри и соодветни проширувања за разминување на возила. Проектот предвидува и  банкини од двете страни со ширина од 0,5 метри. 

    Во моментот се асфалтира првиот слој на асфалтот и половина од трасата е веќе асфалтирана.

    Градоначалникот Алексовски денеска беше во посета на градилиштето и беше запознаен со текот на работите на оваа улица. Притоа беше констатирано дека ова село ќе добие навистина квалитетна улица со дебелина на асфалтен слој од 12 сантиметри.


    13716150_767606836715793_2324616363528965032_n

    Координативното тело за организирање на овогодинешниот осми по ред Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, на чело со Градоначалникот на општината, во рамките на подготовките за фестивалот вчера имаше работна средба со овогодинешниот лауреат, познатата македонска актерка и директорка на театарот „Комедија“, г-ѓа Јелена Жугиќ.

    На средбата се разговараше за  деталите околу нејзиниот настап и доделувањето на наградата, што е планирано на 14.09.2016. Исто така, договорен е и настап на театарот „Комедија“ на отварањето на фестивалот на 15.09.2016. Инаку Жугиќ е осми по ред награден актер на фестивалот, а пред неа лауреати се Милица Стојанова, Зафир Хаџиманов, Петар Темелковски, Шенка Колозова, Страшко Милошевски, Мето Јовановски и Јордан Плевнеш.

    И оваа година  се очекуваат повеќе интересни претстави и атрактивни актери од Македонија, Србија, Бугарија, БиХ и Хрватска да го привлечат вниманието на кривопаланечката публика, која со нетрпение го очекува новото фестивалско издание.

    13716150_767606836715793_2324616363528965032_n 13723921_767606833382460_753689396110805391_o